„Кино неимар“ и „Пит Кралски“ - се двете книги на режисерот Горан Тренчовски што ќе бидат промовирани овој петок во Кинотека на Македонија.
Кино неимар е петтата книга на режисерот Горан Тренчовски во која тој се занимава со драмските феномени и со која на интересен начин се заокружува неговиот автопоетичен дискурс. Авторот забележува дека ова дело се надоврзува на претходната објава Парс про тото во која ја преиспитува сопствената пракса и дека тој сега низ петте циклуси - Од подрум до покрив, Градби, Ходници, Фасада и Навраќање кон темелите се обидува да внесе некои свои нови видувања за аудиовизуелната уметност.
„Се обидувам да ги обелоденам драмските феномени на еден мој својствен начин и со тоа заокружувам еден автопоетички дискурс, авторски, кој на некој начин својата режисерска пракса ја надополнува со такви теориски согледувања.“
Од друга страна, во Пит Кралски се поместени англиски преводи на одбрани текстови од сите објавени книги на Тренчовски во изминативе две децении со детален критичко-референтен преглед.
Говорејќи за ова, режисерот забележува дека неговата генерација имала тешка задача да започне професионално да работи во времето на стандардизација на македонската култура и уметност во почетокот на 1990 години и дека самиот се обидувал паралелно со своите практични искуства, режиите во театарот, на филмот и на телевизија, тоа што е значајно за неговите поетички интермедијални сознанија да го пренесе на хартија и да им го предочи на читателите.
„Многу е важно да се пишува, да се забележува сопственото искуство посебно кога се работи за флуид како што е театарот, како што се некои настани кои граничат со феномените на современото, модерно поимање на мултимедијалната уметност.“
Издавачи на Кино неимар и Пит Кралски се Македонска реч, Тивериополската филмска алијанса и АСТЕРФЕСТ, а по петочната промоција во Кинотека на Македонија, обете дела на 4 декември ќе и бидат претставени на публиката во родниот град на авторот Струмица.
Инаку, Горан Тренчовски дипломирал режија на Академијата за уметности во Нови Сад во класата на професор Боро Драшковиќ, а специјализирал во Прага. Работел во Македонската радио телевизија, како постојан режисер, а бил селектор и уметнички директор на IX и X издание на Фестивалот на камерен театар Ристо Шишков. Потписник е на 50-тина професионални уметнички театарски и филмски поставки, како и на над 300 ТВ-проекти. Напишал 150-тина текстови објавени во периодиката и печатот и од неодамна е примен во Друштвото на писателите на Македонија.
Неговата клучна книга Поетика на (де)тронизацијата ќе има второ издание и се преведува на неколку странски јазици.
Се обидувам да ги обелоденам драмските феномени на еден мој својствен начин и со тоа заокружувам еден автопоетички дискурс, авторски, кој на некој начин својата режисерска пракса ја надополнува со такви теориски согледувања.Горан Тренчовски, режисер.
„Се обидувам да ги обелоденам драмските феномени на еден мој својствен начин и со тоа заокружувам еден автопоетички дискурс, авторски, кој на некој начин својата режисерска пракса ја надополнува со такви теориски согледувања.“
Од друга страна, во Пит Кралски се поместени англиски преводи на одбрани текстови од сите објавени книги на Тренчовски во изминативе две децении со детален критичко-референтен преглед.
Говорејќи за ова, режисерот забележува дека неговата генерација имала тешка задача да започне професионално да работи во времето на стандардизација на македонската култура и уметност во почетокот на 1990 години и дека самиот се обидувал паралелно со своите практични искуства, режиите во театарот, на филмот и на телевизија, тоа што е значајно за неговите поетички интермедијални сознанија да го пренесе на хартија и да им го предочи на читателите.
„Многу е важно да се пишува, да се забележува сопственото искуство посебно кога се работи за флуид како што е театарот, како што се некои настани кои граничат со феномените на современото, модерно поимање на мултимедијалната уметност.“
Многу е важно да се пишува, да се забележува сопственото искуство посебно кога се работи за флуид како што е театарот, како што се некои настани кои граничат со феномените на современото, модерно поимање на мултимедијалната уметност.Горан Тренчовски.