Повисоки казни, засилени контроли, задолжувања... Дали владата навистина ја заjакнува фискалната дисциплина или ја полни празната државна каса?
Повисоки казни, засилени контроли, задолжувања. Значи ли ова дека државната каса е празна?! Ова прашање се поставува откако власта реши да ја засили даночната дисциплина. Се воведуваат повисоки казни на они кои нема да издаваат фискални сметки и кои немаат фискални апарати, ќе се казнуваат докторите и пациентите за „неправилни“ боледувања, инспекторите се излезени на терени и „ловат“, прекршители
по разни основи, продолжуваат задолжувањара со државни записи. Опозицијата прашува кои се мотивиите на Владата? Дали е полнење на касата или навистина заjакнување на фискалната дисциплина.
Пратеникот Горан Мисовски од НСДП вели дека е јасно оти буџетот е празен, а за тоа имам и неколку показатели.
„Еве примерот во Собранието земете го каде што пратениците се доведени во ситуација повеќе и да неможат да добиваат храна, сметките не се плаќаат редовно исто така... Од тие причини сметам дека владата ќе посегне по една непопуларна мерка, а тоа е дополнителни казни.“
Мисовски вели дека безидејноста на Владата и лошото планирање во фискалната политка ја согледал и државниoт ревизор во својот извештај.
„И трошењето на средства од буџетот за непродуктивни или некапитални проекти ќе ја доведе Република Македонија во амбисот или поточно се плашам дека грчкото сценарио во кое Караманлис ја воведе Грција во еден финансиски, економски хаос, дека ќе се случи и кај нас во Македонија.“
Потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски вели дека зголемувањето
на казните упатува на тоа дека Владата сака да ја зголеми фискалната дисциплина. Но, од кои причини го прави тоа?- се прашува Јовановски.
„Прашањето е дали го прави тоа од принципиелни причини како генерален пристап или тоа го прави затоа што има потреба од зголемени приходи во буџетот, има проблем со полнење на буџетот? Логично е кога веќе сите во државата се согласни дека во втората половина на 2012 година ќе дојде до забавување на македонската економија логично е дека и приходите во буџетот ќе се влеваат со позабавена и можеби помала динамика.“
Не се исклучува можноста дека овие мерки освен за фискално дисциплинирање служат и за алиментирање на средства во буџетот, вели професор Марија Зарезанкова Потевска.
„И тоа не е исклучено бидејќи веќе се знае дека од година во година буџетот е се поголем и поголем.“
Според податоци на Министерството за финансии, во август и во септември, биле направени исклучително мали буџетски дефицити, за разлика од претходните месеци. Вкупната сума дефицит за првите девет месеци од годинава достигна 153 милиони евра, а за 2011 е предвиден буџетски минус од 188 милиони евра, што значи дека државата може да оди уште во дозволен минус. Но од опозивцијата и експертите велат дека на државната каса дефинитивно не и се пишува ништо добро.
И трошењето на средства од буџетот за непродуктивни или некапитални проекти ќе ја доведе Република Македонија во амбисот или поточно се плашам дека грчкото сценарио, финансиски, економски хаос, дека ќе се случи и кај нас во МакедонијаГоран Мисовски, НСДП
по разни основи, продолжуваат задолжувањара со државни записи. Опозицијата прашува кои се мотивиите на Владата? Дали е полнење на касата или навистина заjакнување на фискалната дисциплина.
Пратеникот Горан Мисовски од НСДП вели дека е јасно оти буџетот е празен, а за тоа имам и неколку показатели.
„Еве примерот во Собранието земете го каде што пратениците се доведени во ситуација повеќе и да неможат да добиваат храна, сметките не се плаќаат редовно исто така... Од тие причини сметам дека владата ќе посегне по една непопуларна мерка, а тоа е дополнителни казни.“
„И трошењето на средства од буџетот за непродуктивни или некапитални проекти ќе ја доведе Република Македонија во амбисот или поточно се плашам дека грчкото сценарио во кое Караманлис ја воведе Грција во еден финансиски, економски хаос, дека ќе се случи и кај нас во Македонија.“
Потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски вели дека зголемувањето
Прашањето е дали го прави тоа од принципиелни причини како генерален пристап или тоа го прави затоа што има потреба од зголемени приходи во буџетот, има проблем со полнење на буџетот?Зоран Јовановски, СДСМ