Промоција на „Прашинка љубов“ на Старовски проект

Старовски проект

„Прашинка љубов“ е насловена првата македонска музичка поетска читанка што ја потпишуваат членовите на СТАРОВСКИ ПРОЕКТ, а чија промоција ќе се случи во Менада во Старата скопска чаршија.
Верица Недевска – вокал, Дејан Спасовиќ – ут, тамбура и кемане, Верица Андреевска Спасовиќ – вокал и перкусии, Јордан Костов – хармоника и Круме Стефановски – удиралки и вокал или заедно СТАРОВСКИ
Прашинка љубов е извлечена од една од песните кои што ние ги пееме, односно од Љубов на Гане Тодоровски и оттука тргна целата таа идеја за насловот на албумот.
Верица Андреевска Спасовиќ.
ПРОЕКТ се потписници на првата музичка антологија на македонска поезија насловена како Прашинка љубов. Станува збор за албум на кој се забележани 11 авторски песни од кои осум се работени по текстови на македонските поети Гане Тодоровски, Петре М. Андреевски, Блаже Коневски, Ацо Шопов и Константин Миладинов.

„Прашинка љубов е извлечена од една од песните кои што ние ги пееме, односно од Љубов на Гане Тодоровски и оттука тргна целата таа идеја за насловот на албумот“, истакнува Верица Андреевска Спасовиќ.

Иако членовите на СТАРОВСКИ ПРОЕКТ зад себе имаат богато музичко искуство настапувајќи со музичари и состави како ПЕЦЕ АТАНАСОВСКИ ОРКЕСТАР, КАЛДРМА, АНСАМБЛ МОДЕРНА, ФОЛТИН, КАЛЕВАЛА и Дуке Бојаџиев, сепак својата активност под ова име ќе ја интензивираат во 2010 година. Во изминатиов период тие настапија и на неколку значајни музички фестивали во регионов како Шпанцирфест во Вараждин – Хрватска, Етнофјужн фестивал во Белград – Србија...а редовни гости се скоро на сите домашни поетски манифестации и промоции.

Она што го творат милуваат да го нарекуваат кабаре чалгија најмногу поради фактот што нивната музика успева да го премости спојот помеѓу
Нашата идеја беше да го пренесеме она што го чувствуваме додека ја читаме таа поезија, затоа што мислам дека во денешно време се помалку се чита поезија, а се повеќе се оди на другите форми на медиуми.
Верица Андреевска Спасовиќ.
овие два наизглед далечни стилови ,како преку специфичниот инструментариум така и преку карактеристичниот начин на интерпретација во кој преовладува раскажувачкиот тон и контактот со публиката.

„Нашата идеја беше да го пренесеме она што го чувствуваме додека ја читаме таа поезија, затоа што мислам дека во денешно време се помалку се чита поезија, а се повеќе се оди на другите форми на медиуми. Секако дека одсекогаш посакувавме да имаме и албум, да не слушнат луѓето, меѓутоа не ни беше тоа главната цел, главната цел ни беше да го исполниме нашето време и да го пренесме нашето чувство на некој медиум. “

Во моментов СТАРОВСКИ ПРОЕКТ, како што забележува Андреевска Спасовиќ, во очекување на позасилена концертна активност работат и на музиката за својот втор албум на кој е предвидено да се најдат песни од помладата генерација македонски поети.