Македонската ватерполо репрезентација в сабота го игра решавачкиот натпревар за пласман на Европското првенствo што ќе се одржи во холандскиот град Ајндховен.
Пречка на тој пат ни е селекцијата на Франција, која во првиот дуел од бараж двомечот, пред три недели во Париз не совлада со 8:6. Тоа значи дека за пат на Еуро, во Скопје треба да извојуваме победа од 3 гола разлика. Во националниот тим сметаат дека за тоа имаме сили, што е
мислење и на селекторот Игор Гочанин.
„Имаме шанси и со оптимизам го очекуваме реваншот. Франција не смее да се потцени, но ние имаме квалитет за да стигнеме до вкупен триумф. Тоа се виде и во Париз, каде по наша вина, но и поради немањето среќа, загубивме со два гола разлика. Тие грешки нема да ги повториме в сабота кога со дисциплинирана игра сигурно ќе дојдеме до посакуваниот резултат и пласман на Европското првенство. Наш адут за исполнување на таа цел е и големиот мотив за продолжување на континуитетот настапи на врвните натпреварувања, а од огромно значење ќе биде и поддршката од трибините“, рече Гочанин.
Слично размислуваат и играчите, кои уште од ждребката за баражот, говореа дека Македонија ќе ја продолжи серијата настапи на Европските првенства, по оние во Малага во 2008-ма и во Загреб минатата година. Тој оптимизам се темелеше на нашиот пласман на претходниот собир на најдобрите на Стариот континент, и тоа по победата над Франција, во квалификациите во Волос. За тој пораз „триколорите“ делумно ни се
реваншираа во првиот меч од баражот, на почетокот на месецов. Но, според нашите ватерполисти таа нивна победа од два гола разлика е резултат на за нас несреќен сплет на околности. Затоа и тие се убедени дека на реваншот во Олимпискиот базен во Скопје ќе го надминат минусот од Париз, а младиот Игор Милановиќ изјавува:
„Во Париз изгубивме два разлика можеби малку нереално не само заради судењето, туку и заради нашите ситни грешки и шанси што ги промашивме, но според тоа беше најдоброто што тие можат да го направат, а сега е на нас, ние да се покажеме и да направиме одличен резултат. Ќе го дадеме својот максимум и се надевам ќе се квалификуваме на ЕП.“
Истакна членот и на македонската ватерполо селекција која пред два месеци освои бронзен медал на Универзијадата во кинескиот Шенжен.
Имаме шанси и со оптимизам го очекуваме реваншот. Франција не смее да се потцени, но ние имаме квалитет за да стигнеме до вкупен триумф. Тоа се виде и во Париз, каде по наша вина, но и поради немањето среќа, загубивме со два гола разликаИгор Гочанин, селектор
мислење и на селекторот Игор Гочанин.
„Имаме шанси и со оптимизам го очекуваме реваншот. Франција не смее да се потцени, но ние имаме квалитет за да стигнеме до вкупен триумф. Тоа се виде и во Париз, каде по наша вина, но и поради немањето среќа, загубивме со два гола разлика. Тие грешки нема да ги повториме в сабота кога со дисциплинирана игра сигурно ќе дојдеме до посакуваниот резултат и пласман на Европското првенство. Наш адут за исполнување на таа цел е и големиот мотив за продолжување на континуитетот настапи на врвните натпреварувања, а од огромно значење ќе биде и поддршката од трибините“, рече Гочанин.
Слично размислуваат и играчите, кои уште од ждребката за баражот, говореа дека Македонија ќе ја продолжи серијата настапи на Европските првенства, по оние во Малага во 2008-ма и во Загреб минатата година. Тој оптимизам се темелеше на нашиот пласман на претходниот собир на најдобрите на Стариот континент, и тоа по победата над Франција, во квалификациите во Волос. За тој пораз „триколорите“ делумно ни се
Во Париз изгубивме два разлика можеби малку нереално не само заради судењето, туку и заради нашите ситни грешки и шанси што ги промашивмеИгор Милановиќ, ватерполист