Занаетчиските занаети изумираат, а оние кои опстанале се соочуваат со бројни проблеми. Ќе помогне ли донесената стратегија за спас на занаетчиството?
Околу 400 прилепски знаетчии: фризери, козметичари, кујунџии, златари, столари, лимари...се соочуваат со најразлични проблеми кои тешко успеваат да ги решат без помош од државата. Некои изумираат, други не можат да се носат со економската криза.
„Со промена на светските цени на златото на светските берзи е во полоша состојба, затоа што имаме енормно скапи производи за стандардот македонски“, вели Кире Трпчески, златар од Прилеп.
Тој потенцира дека во градот има дефицитарен занаетчиски кадар.
„Има една анализа направено која што покажува дека има полно технички занимања кои што во Општинава се дефицитарни, пекари, швајцери, дефицитарни, а за кои има нон-стоп отворени конкурси за вработување.“
За да се одржат, прошират, развијат, но и продолжат овие занаети, неопходно е според занаетчиите да се направат измени на Законот за образование на нови кадри, но и Законот за занаетчиство, во спротивно постои сериозна закана за изумирање на традиционалните занаети и воопшто еснафот во Прилеп, кои што даваат незаменлив шарм и живот на старата прилепска чаршија. Градоначалникот Марјан Ристески истакнува дека Локалната самоуправа презема мерки и се обидува да помогне занаетчиството да биде ставено во функција на развој на туризмот.
„Прилеп не е познат само по старата чаршија, познат е и по занаетите кои што се одвивале тука, опстојувале векови зад нас. Во тој контекст значи локалната самоуправа дава комплетна поддршка на зачувување на занаетчиството, продолжување, па и развој на занаетчиството, бидејќи на таков начин гледаме не само културна промоција на градот Прилеп, туку и можност за самовработување и отворање на семеен бизнис, на голем број луѓе кои во иднина сакаат да се занимаваат со занаети“, изјави градоначалникот Ристески.
За да се поттикне развојот на занаетчиството воспоставена е интензивна соработка меѓу комората од Македонија и онаа од Кобленц во Германија.
„Со цел да го промовира занаетчиството, да го врати сјајот и занаетчиството да го доближиме до обичниот граѓанин, но најмногу до младите луѓе, бидејќи сметаме дека со поддршката која што сега ја дава Владата, може занаетчиството да одигра голема улога во креирање на кадри за индустријата, како поддршка на локалниот економски развој, развој на рурален туризам, туризмот воопшто“, вели Оливиа Штерјо, од занаетчиската комора „Кобленц“ во Македонија.
Вицепремиерот Владимир Пешевски истакнува дека не само во Прилеп, туку согласно со усвоената Стратегија за развој на занаетчиството ќе се преземат многу мерки и активности кои во целата држава ќе отворат двојно повеќе од сега регистрираните 6.000 работни места во оваа гранка.
„Предвидени се низа на мерки кои ќе значат промоција на занаетчиството, промовирање на вработувањата, промовирање на соработка со образовните институции, овозможување на флексибилност на работната сила односно програми за обука. Во рамки на занаетчиството ќе воведеме и посебна активност „регулаторна гилотина“ за поедноставување на административните постапки и се надеваме дека бројот на занаетчии во Македонија ќе се зголеми најмалку за уште толку“, вели Пешевски.
Стратегијата за развој на занаетчиството е планирана за период до 2020 година.
„Со промена на светските цени на златото на светските берзи е во полоша состојба, затоа што имаме енормно скапи производи за стандардот македонски“, вели Кире Трпчески, златар од Прилеп.
Има една анализа направено која што покажува дека има полно технички занимања кои што во Општинава се дефицитарни, пекари, швајцери, дефицитарни, а за кои има нон стоп отворени конкурси за вработување.Кире Трпчевски, златар од Прилеп.
„Има една анализа направено која што покажува дека има полно технички занимања кои што во Општинава се дефицитарни, пекари, швајцери, дефицитарни, а за кои има нон-стоп отворени конкурси за вработување.“
За да се одржат, прошират, развијат, но и продолжат овие занаети, неопходно е според занаетчиите да се направат измени на Законот за образование на нови кадри, но и Законот за занаетчиство, во спротивно постои сериозна закана за изумирање на традиционалните занаети и воопшто еснафот во Прилеп, кои што даваат незаменлив шарм и живот на старата прилепска чаршија. Градоначалникот Марјан Ристески истакнува дека Локалната самоуправа презема мерки и се обидува да помогне занаетчиството да биде ставено во функција на развој на туризмот.
„Прилеп не е познат само по старата чаршија, познат е и по занаетите кои што се одвивале тука, опстојувале векови зад нас. Во тој контекст значи локалната самоуправа дава комплетна поддршка на зачувување на занаетчиството, продолжување, па и развој на занаетчиството, бидејќи на таков начин гледаме не само културна промоција на градот Прилеп, туку и можност за самовработување и отворање на семеен бизнис, на голем број луѓе кои во иднина сакаат да се занимаваат со занаети“, изјави градоначалникот Ристески.
Предвидени се низа на мерки кои ќе значат промоција на занаетчиството, промовирање на вработувањата, промовирање на соработка со образовните институции, овозможување на флексибилност на работната сила односно програми за обукаВладимир Пешевски, заменик претседател на владата на РМ