Достапни линкови

Старите занаети изумираат


Дебар
Дебар

Основањето на Занаетчиската регионална комора во Дебар видно ги зголеми активностите на занаетчиите во делувањето за подборување на условите за работа.

Оваа комора ги организира занаетчиите во општините Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше и има регистрирано 180 занаетчии и вршители на занаетчиски дејности, информира извршниот директор на оваа Комора Фисник Сарачи.
Ние ги заштитуваме сите занаетчии. Им помагаме стручно, правно, вршиме евиденција, но и помагаме во давањето на дипломи. Ние како комора сме должни да им ги решаваме сите проблеми кои им се појавуваат во работата


„Ние ги заштитуваме сите занаетчии. Им помагаме стручно, правно, вршиме евиденција, но и помагаме во давањето на дипломи. Ние како комора сме должни да им ги решаваме сите проблеми кои им се појавуваат во работата.“

Но, и покрај се поголемата организираност на занаетчиите тие продолжуваат да се соочуваат со бројни проблеми за кои тие преку својата комора имаат контакти со надлежните институции и власта и притоа се бара подршка од државата особено за заштита на старите занаети, вели Сарачи:

„Проблемите се бројни. Сепак мислам дека главен проблем е изумирањето на старите добри занаети. Сме имале контакти со власта и бараме старите занаети да се помогнат, треба на нив да им се даваат субвенции. Инаку како други проблеми се јавуваат нелојалната конкуранција, зголемувањето на давачките за занаетчиите и други постојани проблеми.“
Проблемите се бројни. Сепак мислам дека главен проблем е изумирањето на старите добри занаети

Исчезнувањето на на старите занаети е голем проблем во Дебар. Тие од ден на ден се гасат. Така е и со ковачите. Семејството на Аки Бајрами моментално ја има својата последна ковачница во Дебар, каде своевремено имало над 30 ковачници:

„Јас овде во ковачницата работам со мојот син. Нема работа. Тешко се заработува. Добро е ако ни се даде одредена подршка од државата да опстанеме како занаетчии. Ано не, ќе не снајде истата судбина како и на другите ковачи“, вели Бајрами.

Дебар кој своевремено бил град на занаетчии, сега ги нема старите занаети, а оние кои останале многу лесно може да исчезнат.

Скопска чаршија - стари занаети
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:18 0:00
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG