Контроверзни информации за начинот на кој умрел Гадафи. Либија слави, а светот ја поздрави веста.
Либискиот привремен премиер Махуд Џибрил изјави дека Моамер Гадафи денеска е убиен од либиските борци и дека ова е историски ден за Либија што народот го чекал многу време.
Портпаролот на Националниот преоден совет, Абдел Гоха, прв официјално ја потврди веста во Бенгази.
„Ние му соопштуваме не светот дека Моамер Гадафи е убиен од рацете на револуционерите и гадафиевата тиранија и диктаторство конечно завршија и ова поглавје е затворено за Либија и за светот.“
Во медиумите се појавија контрадикторни податоци за околностите во кои загинал Гадафи, но аматерските снимки од неговото мртво тело го обиколија светот. Првичните инфомации беа дека Гадафи се обидувал да побегне од Сирт со конвој возила, кој бил нападнат и од авиони на НАТО, а по жестоките борби тој бил ранет и потоа им подлегнал на повредите. Но подоцна дел од медиумите пренесуваа изјави на борците кои тврдат дека Гадафи бил заробен жив, но некој му испукал 9мм куршум во главата. Анонимниот борец што го изјави тоа го имаше в рака златниот пиштол на Гадафи.
Во меѓувреме, воените команданти на Националниот преоден совет соопштија дека во Сирт е пронајдено и телото на еден од синовите на Гадафи, Мутасин. Додека за другиот син Саиф ал Ислам се уште нема информации каде е, затоа што, според борците на советот, тој не бил во конвојот возила што пробувал да го напушти Сирт.
Реакции на западните земји за веста
По веста за смртта на Гадафи со реакции се огласија и западните лидери кои ја поздравија веста, оценувајќа ја како почеток на нова ера во Либија.
Британскиот премиер Дејвид Камерун изјави дека ова е ден за паметење за Либија.
„На ваков ден не треба да ги заборавиме либиските граѓани кои беа убиени од рацете на овој диктатор и дека земјата сега има поголема шанса да почне со изградба на демократска иднина.“
Во заедничкото соопштение од кабинетите на претседателот на Европската унија, Херман Ван Ромпуј и претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, е наведено дека смртта на Гадафи ќе им овозможи на Либијците да ја прифатат новата демократска иднина.
Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мун, го нарече денот „историски“.
„Овој ден ја означува историската транзиција во Либија. Во наредните неколку денови ќе бидеме сведоци на сцени на прослава како и тага на оние кои ги загубија своите најблиски во борбата за демократија. Сепак, треба да признаеме дека ова е само крајот на почетокот.“
Италијанскиот премиер, Силвио Берлускони, само кратко изјави дека „Сега војната е завршена“.
Американскиот сенатор Џон Мекејн смета дека сега либискиот народ може да се фокусира на јакнење на нивното национално единство и обнова на земјата.
Граѓанската војна во Либија по 8 месеци е при самиот крај, новите власти ќе се соочат со нови предизвици во изградбата на демокартското општество и обнова за земјата од самата војна. Но сега граѓаните се радосни, слават и пеат на улиците „да го славиме Алах, Либија е слободна“.
Седумдесетгодишниот Моамер Мухамед Абу Миниар ал-Гадафи, познат како полковникот Гадафи, беше на власт повеќе од 42 години.
Меѓународниот кривичен суд во Хаг на 28 јуни оваа година издаде налог за апсење на Гадафи, неговиот син Саиф ал-Ислам и зетот Абдулах ал-Сеуси, обвинувајќи ги за извршени злосторства против човештвото.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5