Јахјага: Нема поделба на Косово

Претседтелката на Косово Атифете Јахјага за време на интервјуто во Радио Слободна Европа.

Луѓето треба да ги напуштат идеите од минатиот век. Ова во интервју за Радио Слободна Европа го изјави претседателката на Косово, Атифете Јахјага, која во Прага учествува на Форумот 2000, што 15 години го организира поранешниот чешки претседател Вацлав Хавел. Според Јахјага, нема да има специјален статус за северот на Косово, ниту поделби или размена на територии.
Иднината на сите заедници на Косово е во рамките на Косово како дел од евроатланските структури. Тоа не е желба само на мнозинството, туку и на другите заедници кои живеат во државата.
Таму имаме илегални групи кои работат и кои се еден вид пречка за секојдневниот живот на граѓаните кои живеат во овие три општини во северниот дел на Косово.

Ова во интервју за Радио Слободна Европа го изјави претседателката на Косово, Атифете Јахјага, која додава дека единствениот излез за северот на Косово е спроведувањето на планот на Марти Ахтисари, бидејќи, како што вели, тој план почнува да покажува резултати во другите делови на Косово.

„Зошто тоа не може да се спроведе и не северот“, прашува Јахјага, додавајќи:

Претседателката на Косово Атифете Јахјага и потпретседателот на РСЕ Џон О Саливен



„Прашањето на северот е прашање на владеењето на правото, бидејќи таму имаме илегални групи кои работат и кои се еден вид пречка за секојдневниот живот на граѓаните кои живеат во овие три општини во северниот дел на Косово“, наведува претседателката на Косово, Атифете Јахјага.

Таа се залага и за организирање локални избори во областите што ги населуваат косовски Срби со цел конечно на нив легално да бидат избрани луѓе кои ќе говорат во име на својата заедница, но истовремено ќе ги почитуваат законите на Косово.
Во врска со сите овие последни изјави за поделба на територијата, сакам да кажам дека луѓето треба да се извлечат од овие идеи од претходниот век. Народот мора да погледне на овој век и на претстојниот процес кој мора да се случи.

Српското малцинство на северот на Косово, како што додава Јахјага, не може да смета на посебен статус и не доаѓа предвид поделба на земјата, ниту територијална размена или трансфер на населението.

„Во врска со сите овие последни изјави за поделба на територијата, сакам да кажам дека луѓето треба да се извлечат од овие идеи од претходниот век. Народот мора да погледне на овој век и на претстојниот процес кој мора да се случи.“

Јахјага додава дека Косово и Србија имаат минато, но оти нивната иднина е интеграцијата во Европската унија, а најдобар пат за тоа, е доколку двете земји се поддржуваат меѓусебно, а не да си противречат.

„Едно од златните правила на Европската унија е добрососедските односи, нешто што Косово го почна од денот кога се формира со сите соседни земји и ќе продолжиме тоа да го правиме со другите“, изјави, меѓу другото, во интервјуто за Радио Слободна Европа, претседателката на Косово Атифете Јахјага која во Прага учествува на Форумот 2000 што е во организација на поранешниот чешки претседател Вацлав Хавел.