Достапни линкови

Северно Косово - Напнатоста расте


Јариње
Јариње

Северно Косово е блокирано откако косовските Срби поставија барикади во петокот кога припадници на ЕУЛЕКС и на косовската полиција и царина ги презедоа граничните премини Јариње и Брњак. И додека Србите најавуваат зацврстување на барикадите, официјална Приштина очекува од ЕУЛЕКС и од КФОР да ги отстранат.

Косовските Срби кои се на барикадите на патните правци што водат кон граничните премини Јариње и Брњак велат дека се подготвени да истраат во тоа и цела зима.

„Србите сега се порешени од кога и да е да истраат во нивните барања, од премините да се повлечат сите припадници на такарачената царина и на полицијата и подготвени се да ги држат блокадите и во наредните неколку месеци“, вели еден од лидерите на србите Крстимир Пантиќ.

Од косовската полиција наведуваат дека барикадите се наоѓаат на два магистрални патишта: Митровица-Лепосавиќ и Митровица-Зубин Поток, а барикади има и на главниот мост во Митровица.
Србите сега се порешени од кога и да е да истраат во нивните барања, од премините да се повлечат сите припадници на такарачената царина и на полицијата и подготвени се да ги држат блокадите и во наредните неколку месеци.

Министерот за внатрешни работи Барјрам Реџепи вели дека КФОР и ЕУЛЕКС се одговорни за отстранување на барикадите. Портпаролот на ЕУЛЕКС, Николас Хаутон, наведува дека се разгледуваат некои опции, но без да прецизира за што станува збор.
x

„ЕУЛЕКС и КФОР ја надгледуваат ситуацијата со барикадите. Тие ја ограничуваат слободата на движење и треба да бидат отстранети. Тоа е во полза на сите.“

Еден од претставниците на Албанците во Митровица, Адем Мрипа, за се потензичната ситуација ја обвинува меѓународната заедница која, како што наведува, не работи доволно за нејзино подобрување.

„Веќе неколку денови не спиеме поради провокации на екстремни групи. Ова е премногу, ова не го прави српскиот народ, туку криминалци на кои не им одговара мир поради заработката што ја остваруваат преку шверц.“

Косовските институции подвлекуваат дека нема да има враќање на состојбата, но и тоа дека не постои некаков временски рок за отстранување на барикадите.

Во меѓувреме, северот и натаму останува изолиран од другиот дел на Косово.
Веќе неколку денови не спиеме поради провокации на екстремни групи. Ова е премногу, ова не го прави српскиот народ, туку криминалци на кои не им одговара мир поради заработката што ја остваруваат преку шверц.

Српскиот министер за Косово и Метохија, Горан Богдановиќ, вели дека за жал токму блокадите се единствен начин за изразување протест против, како што рече, едностраните потези на Приштина.

Тој додава дека Србија е подготвена на дијалог со Косово. На тоа инсистира и американската државна секретарка Хилари Клинтон која во Њујорк се сретна со претседателката на Косово, Атифете Јахјага.

Кабинетот на Јахјага соопшти и тоа дека Вашингтон силно го поддржува проширувањето на власта на Приштина на целата територија на Косово.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG