Нови поскапувања

Цените постојано растат. Поскапеа дел од прехранбените артикли, нафтените деривати и централното греење. Можно е поскапување и на струјата.
Уште еден удар по џебот на граѓаните. Цените на мало во август во однос на јули минатата година бележат раст од 3,8 отсто, а трошоците за живот од 3,6 проценти, според последните податоци на Државниот завод за статистика. Поскапени се јајцата, рибата, преработките од месо, а има зголемени цени и кај нафтените деривати и централното греење. Владата најави дека ќе мора да го либерализира енергетскиот пазар, што може да резултира со зголемување и на сметките за струја.
Илјада денари ќе раситниме, три-четири артикли и толку. Ни заостануваат сметки, со опомени, со камати, многу тешко.
Анкетиран граѓанин.

Граѓаните велат дека одвај врзуваат крај со крај, бидејќи платите се мали и гледаат само некако да го преживеат месецот, но трошоците за задоволување на потребите се се поголеми.

„Денеска една цена, утре друга. Шест илјади денари пензија или плата итн.“
Денеска една цена, утре другам, се жалат граѓаните

„На своја кожа тоа си го чувстуваме и сите тоа го коментираат.“

„Илјада денари ќе раситниме, три-четири артикли и толку. Ни заостануваат сметки, со опомени, со камати, многу тешко.“

„Едвај се преживува, пензијата е ниска, едвај, на шкрги. Знаеш што е тоа? Ете така на шкрги.“
Едвај се преживува, пензијата е ниска, едвај на шкрги. Знаеш што е тоа? Ете така на шкрги.
Анкетиран граѓанин.
Социологот Илија Ацески вели дека во една држава која води социјална политика и каде животниот стандард е на ниско ниво и има голем степен на сиромаштија, мора да бидат заштитени најзагрозените и оние кои се најпогодени од растот на цените и трошоците.
x

„Тоа е една од тие како да ги наречеме, мудрости на решавање на социјалните проблеми. Мислам дека Македонија во таа насока прави еден напор, но недоволно во смисла на јасна диференцијација за оние кои навистина ќе ги погоди поскапување на струја, или животни намирници. Тука мора службите, односно пред се министерството за труд и социјална политика да го направат тоа.“
Штедење во однос на некои други работи, штедење од оние други т.н. потреби од повисок ранг, за сметка на оние елементарни потреби што се врзани со секојдневниот живот.
Илија Ацески, универзитетски професор.

Додека другите граѓани ќе мора да се откажат од работите кои не им се толку потребни, додава Ацески.

„Штедење во однос на некои други работи, штедење од оние други т.н. потреби од повисок ранг, за сметка на оние елементарни потреби што се врзани со секојдневниот живот.“

Од Министерството за труд и оцијална политика велат дека владата има субвенции за сите категории кои тешко доаѓаат до реазлизација на егзистенција по пат на работа. Социјалните случаи добиваат по 600 денари месечно за енергија, по 1000 денари доколку имаат деца кои одат на училиште. Додека оние граѓани кои имаат зголемени трошоци можат да добијат еднократна парична помош во зависност од случајот.