Состојбата во медиумите, наелектризирана

Од протестите на новинарите пред неколку месеци

Состојбата е многу наелектризирана и постои силно политичко влијание врз медиумите - констатација на Организацијата за медиуми на ЈИЕ која ќе посредува во решавањето на загрижувачката состојба со медиумскиот простор во Македонија.
На повик на десетина сопственици и директори на медиуми во Македонија, делегација на Организацијата за медиуми на југоисточна Европа пристигна во Македонија за да ги слушне нивните забелешки, да ја понуди својата помош и да им го пренесе својот став на македонските власти што треба тие да направат за да се надмине загрижувачката состојба. Првите впечатоци се очекувани.
Состојбата е многу наелектризирана. Она што е интересно повеќе од нив нагласија дека ќе биде неопходна помош од надвор. Луѓето имаат чувство дека е присутна и одредена самоизолација овде во Македонија.
Оливер Вујовиќ, генерален секретар на Организацијата за медиуми на југоисточна Европa.

Нема многу медиуми во Македонија коишто работат независно и според професионалните стандарди, туку постои навистина силно влијание на политиката во нивната работа.
Од организација за медиумите на ЈИЕ велат дека нивната помош би се состоела во соочување на спротивставените страни и во поттикнувањето на дебата

„Состојбата е многу наелектризирана. Она што е интересно повеќе од нив нагласија дека ќе биде неопходна помош од надвор. Луѓето имаат чувство дека е присутна и одредена самоизолација овде во Македонија, така што луѓето губат контакт со некои меѓународни текови, така што само со помош на некои неутрални лица од надвор проблемот може да се реши“, изјави Оливер Вујовиќ, генерален секретар на Организацијата за медиуми на југоисточна Европа.

Постои говор на омраза којшто произлегува од обилно присутниот лажен патриотизам кај еден дел од новинарите во земјава што пак ги оддалечува од нивната професионална задaча, да гледаат критички на состојбите коишто би требало да се сменат или подобрат, констатира Вујовиќ.
Би сакал барем од страната на власта барем малку да се смали таа патриотска тензија. Затоа што ако Македонија сака да оди напред, треба да се размисли дека сме во 21 век.
Оливер Вујовиќ, генерален секретар на Организацијата за медиуми на југоисточна Европa.

СЕЕМО како регионална организација се надева дека може да биде еден од тие надворешни фактори коишто можат да помогнат во ваквата ситуација. Нивната помош како што велат би се состоела во соочување на спротивставените страни и во поттикнувањето на дебата меѓу нив. Но, би се обиделе да ја пренесат и вистинската порака до властите.

„Би сакал барем од страната на власта барем малку да се смали таа патриотска тензија. Затоа што ако Македонија сака да оди напред, треба да се размисли дека сме во 21 век. Современа Европа не сака да се користи начин на размислување којшто бил актуелен пред 20 или 30 години. Македонија мора уште повеќе европски да размислува, европски начин на размислување значи дека и во однос на медиумите треба да се променат некои начини на однесување и точно тоа што треба да се смени ќе го соопштиме официјално“, додава Вујовиќ.

Делегацијата ова ќе им го пренесе на претседателот Иванов и на премиерот Груевски, а ќе има средби и со амбасадорот на ОБСЕ како и со Здружението на Новинари. Претседателот на здружението, Насер Селмани, од средбата очекува да се конкретизира конкретната помош експертска и техничка којашто може да ја пружи оваа регионална организација особено во најавениот дијалог со Владата, а со цел да се постигнат барем дел од целите. Кампања дека состојбите се лоши како и охрабрување веќе се нецелисходни, додава Селмани.

Делегацијата на СЕЕМО е во триодневна посета на Македонија која завршува утре.