Универзитетот почнува да застранува од она што е професионализам и етика, пишува професор Билјана Ванковска во писмото до сенаторите на УКИМ, за неизбирањето на Ирена Цветковиќ за асистент на Институтот за родови студии на Филозофскиот факултет.
Наставно-научниот совет на Филозофскиот факултет потфрли од академски аспект. Ова е оценката на поранешниот министер за образование, универзитетскиот професор Ненад Новковски, во врска со неизбирањето на познатата активистка за човекови права Ирена Цветковиќ за асистент на Институтот за родови студии, и покрај тоа што нејзината кандидатура имаше позитивна рецензија.
Цветковиќ не беше избрана за асистент со ниту еден глас против. Само десетмина членови на Наставничкиот совет гласале „за“, а сите останати биле воздржани. Воздржаноста, според зборовите на деканот Ајдински, веројатно била знак на солидарност со професорки од факултетот, кои ја тужеа Цветковиќ за навреда и клевета, поради колумна во која таа зазема критички став за нивен учебник. Професорките го загубија спорот, а нивниот учебник беше повлечен од употреба.
Новковски вели дека не постои начин да се оспори одлука на Наставничкиот совет.
„Ако колегите што најдобро ја разбираат работата кажеле дека тој и тој асистент треба да биде примен, тие требале само да изгласаат административно дека тоа што го предложила комисијата се прифаќа. Од академски аспект потфрлил Наставно-научниот совет. Тој не смеел да донесе таква одлука и не се покажал на своето ниво. Но, од правен аспект, Наставно-научниот совет е највисоката институција што одлучува по тоа прашање, што значи дека и кога ќе донесе погрешна одлука, таа одлука мора да се почитува и не постои начин да биде сменета. Единствено, доколку некаде била нарушена процедурата, па врз основа на нарушување на процедурата да се врати од почеток целата постапка.“
Новковски посочува дека, ако не била нарушена процедурата, Министерството за образование не може да реагира. Тој вели дека ако Цветковиќ не била избрана од други причини, Наставничкиот совет тоа требало да го каже.
„Ако мислеле дека има некоректно академско однесување на кандидатот, така и требало да го формулираат – дека има квалитети од аспект на професионалност, но дека имаат забелешки од аспект на односи во академската заедница. Тоа треба и да си биде формализирано, а не да дојде на ваков начин. И тогаш требало да гласаат „против“, а не да не гласаат „за“, се разбира.“
Новковски предупредува дека, поради тоа што конкурсот е поништен, постои можност, на Институтот за родови студии да не му биде повторно одобрено да спороведе нов конкурс за избор на асистент.
„Министерството за финансии, како што се меша сега максимално, може да каже, бидејќи не сте избрале, сега ви згаснува и немате право да бирате одново.“
Од друга страна, поранешниот министер за образование, Сулејман Рушити, вели дека, во случајов, треба да реагира Ректоратот на Универзитетот Свети Кирил и Методиј, но и органите на Министерството за образование – Секторот за високо образование и Државниот просветен инспекторат.
„Гласањето треба да биде согласно критериумите за кои тие треба да гласаат. Солидарноста во животот не може да биде институционална. Солидарноста е хумана категорија која сепак останува индивидуална и не може некој да биде солидарен кога претставува некоја институција.“
Професор Билјана Ванковска прва го отвори овој случај и е една од ретките професорки од Филозофскиот факултет што јавно се спротивставија на неизбирањето на Цветковиќ.
Таа денеска побара од членовите на Сенатот на Универзитетот Свети Кирил и Методиј да ја запознаат ректорската управа со случајот.
Во писмото до сенаторите на УКИМ, Ванковска пишува дека ваквиот чин „претставува сериозен симптом дека универзитетот почнува да застранува од она што е професионализам и етика“.
„Изборот на помлади соработници и на професори се врши според објективни критериуми, а не според субјективност и внатрешна солидарност. На овој начин се затвораме и дефинираме како каста, која не сака да биде предмет на јавна критика, дури и кога е таа основана и аргументирана. Се плашам дека ова е опасен сигнал кој им го испраќаме на сите помлади колеги, па и студенти“, пишува Ванковска.
Таа смета дека е загрижувачки фактот што за вакви случаи не постои втора, жалбена, постапка која би можеле да ја поведат членовите на рецензентската комисија или оштетените кандидати.
„Иако не сум засеганата со овој неизбор, го чувствувам како наш заеднички срам и неуспех, затоа Ве молам да сторите што е во Ваша можност со оваа ситуација да бидат запознаени почитуваните сенатори и ректорската управа“, додава професор Ванковска.
Од академски аспект потфрлил Наставно-научниот совет. Тој не смеел да донесе таква одлука и не се покажал на своето ниво. Но, од правен аспект, Наставно-научниот совет е највисоката институција што одлучува по тоа прашање, што значи дека и кога ќе донесе погрешна одлука, таа одлука мора да се почитува.Ненад Новковски, универзитетски професор, поранешен министер за образование.
Цветковиќ не беше избрана за асистент со ниту еден глас против. Само десетмина членови на Наставничкиот совет гласале „за“, а сите останати биле воздржани. Воздржаноста, според зборовите на деканот Ајдински, веројатно била знак на солидарност со професорки од факултетот, кои ја тужеа Цветковиќ за навреда и клевета, поради колумна во која таа зазема критички став за нивен учебник. Професорките го загубија спорот, а нивниот учебник беше повлечен од употреба.
Новковски вели дека не постои начин да се оспори одлука на Наставничкиот совет.
„Ако колегите што најдобро ја разбираат работата кажеле дека тој и тој асистент треба да биде примен, тие требале само да изгласаат административно дека тоа што го предложила комисијата се прифаќа. Од академски аспект потфрлил Наставно-научниот совет. Тој не смеел да донесе таква одлука и не се покажал на своето ниво. Но, од правен аспект, Наставно-научниот совет е највисоката институција што одлучува по тоа прашање, што значи дека и кога ќе донесе погрешна одлука, таа одлука мора да се почитува и не постои начин да биде сменета. Единствено, доколку некаде била нарушена процедурата, па врз основа на нарушување на процедурата да се врати од почеток целата постапка.“
Солидарноста во животот не може да биде институционална. Солидарноста е хумана категорија која сепак останува индивидуална и не може некој да биде солидарен кога претставува некоја институција.Сулејман Рушити, поранешен министер за образование.
Новковски посочува дека, ако не била нарушена процедурата, Министерството за образование не може да реагира. Тој вели дека ако Цветковиќ не била избрана од други причини, Наставничкиот совет тоа требало да го каже.
„Ако мислеле дека има некоректно академско однесување на кандидатот, така и требало да го формулираат – дека има квалитети од аспект на професионалност, но дека имаат забелешки од аспект на односи во академската заедница. Тоа треба и да си биде формализирано, а не да дојде на ваков начин. И тогаш требало да гласаат „против“, а не да не гласаат „за“, се разбира.“
Новковски предупредува дека, поради тоа што конкурсот е поништен, постои можност, на Институтот за родови студии да не му биде повторно одобрено да спороведе нов конкурс за избор на асистент.
„Министерството за финансии, како што се меша сега максимално, може да каже, бидејќи не сте избрале, сега ви згаснува и немате право да бирате одново.“
Од друга страна, поранешниот министер за образование, Сулејман Рушити, вели дека, во случајов, треба да реагира Ректоратот на Универзитетот Свети Кирил и Методиј, но и органите на Министерството за образование – Секторот за високо образование и Државниот просветен инспекторат.
„Гласањето треба да биде согласно критериумите за кои тие треба да гласаат. Солидарноста во животот не може да биде институционална. Солидарноста е хумана категорија која сепак останува индивидуална и не може некој да биде солидарен кога претставува некоја институција.“
На овој начин се затвораме и дефинираме како каста, која не сака да биде предмет на јавна критика, дури и кога е таа основана и аргументирана. Се плашам дека ова е опасен сигнал кој им го испраќаме на сите помлади колеги, па и студенти.Билјана Ванковска, универзитетски професор.