Регионална соработка

Македонија потпиша спогодба со Србија за поминување на границата само со лични карти, како и договор за соработка со Косово

Договорите меѓу земјите од соседството, добар сигнал дека западниот Балкан е отворен за поширока регионална соработка и натамошна ЕУ интеграција.
Сите начини на проширена регионална соработка во правец на елиминирање на граничните бариери се чекор напред кон интеграција на регионот во Европската Унија. Стручната јавност оценува дека спогодбата која на министерскиот форум за правда и внатрешни работи ја потпишаа Македонија и Србија, а со која се овозможува поминување на државната граница само со биометриски лични карти, како и договорот за соработка со Косово се знак на добра политичка волја за поголема соработка меѓу државите во западен Балкан.

Се дава една добра слика дека на Западен Балкан има држави кои што се веќе со понапредни демократии и коишто се стремат кон ЕУ. Самиот процес на ЕУ значи тргнување на границите меѓу самите држави во однос на слободен проток на луѓе, капитал и услуги
Абдула Азизи, универзитетски професор

„Се дава една добра слика дека на Западен Балкан има држави кои што се веќе со понапредни демократии и коишто се стремат кон ЕУ. Самиот процес на ЕУ значи тргнување на границите меѓу самите држави во однос на слободен проток на луѓе, капитал и услуги.“,
Договорите потпишани на министерскиот форум за правда и внатрешни работи во Охрид
x
Договорите потпишани на министерскиот форум за правда и внатрешни работи во Охрид
вели универзитетскиот професор Абдула Азизи.

Заедничките проекти кои се однесуваат на изградба на коридорите, поставувањето нафтоводни и гасоводни линии, проектите за заштита на животната средина, како и граничното управување, се особено значајни за отворање на регионот самиот кон себе, а потоа и во однос на регионалното интегрирање во Унијата, посочува професорот Димитар Мирчев.

„Тие проекти функционираат и полека, полека некаде и асиметрично, некаде и не реципрочно, меѓутоа регионот се интегрира не само заеднички кон Европа, туку и внатре во себе.“

Тие проекти функционираат и полека, полека некаде и асиметрично, некаде и не реципрочно, меѓутоа регионот се интегрира не само заеднички кон Европа, туку и внатре во себе
Димитар Мирчев, универзитетски професор
Спогодбата со Србија која ќе овозможи државјаните на двете земји да ја поминуваат границата само со лични карти, нема да ги влоши односите со Косово, согласни се експертите. Модерната демократија настојува да има што помалку непријатели, а што повеќе пријатели, вели Азизи.

„Ова може моментално да разгори нечии страсти, но сепак ќе биде во подалечна иднина добро за сите страни.“

Таквите договори никому не му нанесуваат штета, а претходно се усогласени и со Европската Комисија, посочува Мирчев.

„Имаме неколку заеднички спогодби досега потпишано со Косово, тие функционираат, не загрозуваат никого, на никого не му наштетуваат.“

На форумот во Охрид беше најавена и можност да се потпише таков договор и со Косово, но дури откако косовските граѓани ќе добијат биометриски пасоши и лични карти.

За домашните аналитичари конкретните договори испраќаат добар сигнал дека Западниот Балкан е отворен за регионална соработка, но и за натамошна интеграција во европските структури.