Бугарија и Романија ќе почекаат за Шенген

Бугарија и Романија ќе почекаат на влез во Шенген зоната. Нивниот обид беше блокиран од Холандија и Финска кои оценија дека овие две балкански земји се уште немаат направено доволно во борбата против корупцијата и во реформата на судскиот систем.
Бугарија и Романија се членки на Европската унија од јануари 2007 година, но не и во Шенген зоната во која се вклучени 22 земји на Унијата плус Исланд, Норвешка и Швајцарија.
Холандскиот министер за имиграција Герд Лерс

И Бугарија и Романија очекуваа да и е се приклучат на зоната во март годинава, но нивниот влез беше одложен поради политичко противење на поголемите членки на Европската унија кои сметаа дека двете земји не направиле доволно во борбата против корупцијата и во почитувањето на законите.

Беше предложен компромис, задржување на граничните контроли на патните правци се до 2013 година, но дотогаш да можат Бугарите и Романците слободно да патуваат со авиони и бродови.

Сепак, и ова беше отфрлено на последниот состанок во Брисел кога министрите за внатрешни работи не успеаа да го изгласаат предлогот.

„Ако имате врата и ако таа е со најдобри брави на светот може да се каже дека вратата е технички безбедна. Никој не може да влезе внатре. Но, ако некој стои пред вратата и му ја отвора на секој што му се допаѓа, тогаш таа не е безбедна. Значи она што треба не е само техничко одобрување на состојбата во Бугарија и Романија, туку исто така почитување на законите, а тоа значи борба против корупцијата, борба против организираниот криминал и подобрување на судскиот систем“, изјави холандскиот министер Герд Лерс.

Сега, според аналитичарите може да следуваат контрамерки.
Ако имате врата и ако таа е со најдобри брави на светот може да се каже дека вратата е технички безбедна. Никој не може да влезе внатре. Но, ако некој стои пред вратата и му ја отвора на секој што му се допаѓа, тогаш таа не е безбедна.

Имено, по холандската објава дека се противи на приклучувањето, романските граничари спречија камиони со лалиња и светилки од Холандија да влезат во нивната земја.

Официјална Софија, пак, најави дека ќе ги блокира плановите на Европската унија за изменување на правилата на Шенген зоната.
Цветан Цветанов.
x
Цветан Цветанов.

Бугарскиот министер за внатрешни работи Цветан Цветанов изрази разочараност и за негативниот резултат ја обвини политичката клима во Холандија и Финска:

„Позицијата на Холандија и Финска е врз основа на нивните внатрешно политички проблеми. Тешко е да им се објасни на европските граѓани како овие две земји не се дел од консензусот што обединува 30 други земји од Шенген зоната.“

Негативниот став на Холандија и на Финска некои го поврзуваат со зголемувањето на моќта на популистичките партии во парламентите на двете земји. Станува збор за холандската десничарска Партија на слободата и за евроскептичката партија Вистински Финци кои имаат значајно влијание врз нивните влади.

„Да се користи овој аргумент е премногу едноставно и премногу лесно. Станува збор за содржина. Бидете искрени и покажете ни како ќе ги поправите недостатоците кои постојат во моментот“, изјави холандскиот министер Лерс.

Тој додава дека истото тоа го мисли целиот парламент, а не само Партијата на слободата.