Нема да се претворат во реалност заканите за укинување на визната либерализација, согласни се експертите и дел од политичарите. Ваквите закани дел од експетите ги интепретираат како предупредување кое индирекно се однесува на другите земји од регионот кои во иднина треба да добијат визно олеснување. Професорот Мерсел Биљали вели дека институциите на Европската унија нема да се покажат несериозни и да ја укинат вината либерализација, но со овие предупредување укажуваат на потребата Македонија да си ги исполни своите обврски.
,,Тоа е повеќе предупредување и има за цел да се преземат сите потребни мерки за да не се создадат проблеми. Значи, не би требало толку сериозно да ги сватиме заканите дека ќе се укине визната либерализација, но многу сериозно треба да ги сватиме нашите обврски во однос на спогодбата."
Тој вели дека заканите за укинување претставуваат еден вид превенција од проблеми со азиланти од земјите кои неодамна добија визна либерализација и за оние кои допрва треба да добијат слободен влез во Шенген зоната.
Поранешниот министер за надворешни работи, Слободан Чашуле вели дека Европа за неколкуте стотини македонски граѓани кои бараат азил во дел од европските земји нема да ја смени својата одлука за слободно патување, туку само ги предупредуваат другите држави.
,,Дефинитивно тоа е предупредување за тие што допрва треба да е вклучат во таа зона на слободно патување, пред се еминентноемигрантски држави како што е Албанија, сетете се само на егзодусот на цели бродови кои што одеа илегално кон Италија, и Босна и Херцеговина држава во фаза на распаѓање чии што граѓани и онака уште од времето на војните таму, се веќе раселени низ Европа."
По изјавите на европратеничката Тања Фајон во Тирана да не ги повторуваат грешките на Македонија и Србија, како и изјавата на баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман дека ако бројот на азиланти и понатаму се зголемува Европската Унија би можела да го разгледа укинувањето на визната либерализација, Чашуле вели дека треба да се внимава на толкувањето на овие ставови. Но, таквото предупредување треба серизно да се сфати затоа што граѓаните кои ја злоупотребуваат визната либерализација и прават голема штетата на Македонија, вели потпретседателот на националниот советот за евроинтеграција, Сивална Бонева.
,,Но, многу е непријатно за граѓаните на Македонија како земја токму заради манипулациите на мал број на луѓе кои што сакаат да заработат на сиромаштијата на другите граѓани, прават штета на сопствената земја."
Експертите велат дека државата треба да посвети повеќе внимание на овој проблем, треба да се информираат луѓето дека визната либерализација значи дозволен престој од само 90 дена.
Не би требало толку сериозно да ги сватиме заканите дека ќе се укине визната либерализација, но многу сериозно треба да ги сватиме нашите обврски во однос на спогодбата
,,Тоа е повеќе предупредување и има за цел да се преземат сите потребни мерки за да не се создадат проблеми. Значи, не би требало толку сериозно да ги сватиме заканите дека ќе се укине визната либерализација, но многу сериозно треба да ги сватиме нашите обврски во однос на спогодбата."
Тој вели дека заканите за укинување претставуваат еден вид превенција од проблеми со азиланти од земјите кои неодамна добија визна либерализација и за оние кои допрва треба да добијат слободен влез во Шенген зоната.
Поранешниот министер за надворешни работи, Слободан Чашуле вели дека Европа за неколкуте стотини македонски граѓани кои бараат азил во дел од европските земји нема да ја смени својата одлука за слободно патување, туку само ги предупредуваат другите држави.
,,Дефинитивно тоа е предупредување за тие што допрва треба да е вклучат во таа зона на слободно патување, пред се еминентно
Дефинитивно тоа е предупредување за тие што допрва треба да е вклучат во таа зона на слободно патување