Група поединци од ПЈР Македонија се обидоа да ја нарушат јавната дебата во ЕП, пропуштајќи вредна шанса да учествуваат во неа, смета еврокомесарот Штефан Филе.
Еврокомесарот за проширување Штефан Филе жали за инцидентот што се случи за време на панел-дискусијата за состојбата со медиумите во Македонија, организирана од пратеничкатата група на Либералите и демократите во ЕП во Брисел.
„Комисијата е свесна за овој инцидент и жали поради тоа. Ние сфаќаме дека ова беше обид од група поединци од поранешната југословенска Република Македонија и од нивните поддржувачи да ја нарушат јавната дебата во Европскиот парламент. Инволвираните пропуштија вредна шанса да учествуваат во една отворена дебата“, се наведува во соопштението од кабинетот на Филе.
На панел-дискусијата беа поканети новинарите Борјан Јовановски, Билјана Секуловска и Слободанка Јовановска. Новинарите Миленко Неделковски, Бобан Нонковиќ и Мирка Велиновска дојдоа на дискусијата како гости. Гостите веднаш почнаа да зборуваат пред да им биде даден збор по што беа замолени да ја напуштат салата. Во ходникот пред салата, европратеникот Јоргос Шацимаркакис им се обрати на овие новинари со погрдни зборови.
Новинарот Борјан Јовановски смета дека виновници за инцидентот во Европскиот парламент се Неделковски, Нонковиќ и Велиновска. Масло на огнот долеа и германскиот европратеник Шацимаркакис, вели Јовановски, а сето тоа на штета на Македонија. Пропуштена е извонредна можност да разговараме за слободата на медиумите во Македонија, која се наоѓа се повисоко на политичките агенди на меѓународните институции, вели тој.
„Односот на пратеникот Шацимаркакис е навистина недоличен за еден европратеник кој треба да промовира европски вредности и се разбира неговиот начин на комуникација надоврзан на начинот на комуникација на колегите, Мирка, Миленко и извесниот Нонковиќ, и нанесе огромна штета на Македонија. Јас сум се уште во Брисел и верувајте во контакт сум со повеќе европратеници, луѓе од ЕК кои навистина се шокирани од сето она што се случи во една копродукција, во еден примитивен дијалог кој се одвиваше во ходниците меѓу пратеникот Шацимаркакис и тројцата новинари кои дојдоа од Скопје.“
Новинарот Бобан Нонковиќ реагира дека тој не ја пропуштил шансата да разговара, туку оти тоа му било оневозможено. На обвинувањата дека со ова и се нанесува штета на Македонија, тој вели дека штетата ја нанесуваат токму тие „што ја оцрнуваат Македонија пред меѓународната јавност“. Токму тие што 20 години го уништуваат македонското новинарство сега го вперуваат прстот во друг.
Нонковиќ објаснува зошто не го почекале нивното време за излагање, туку почнаа да зборуваат веднаш после словенечкиот европратеник Јелко Кацин, кој беше модератор на дебатата.
„Ама ние почнавме да зборуваме веднаш бидејќи најпрво Кацин, после оној, како да го наречам, негативен негов кус извештај за Македонија што самиот си го направил, отиде да им даде збор на панелистите, со тоа што уште претходно нивните асистенти нам ни кажаа вие ќе бидете обична публика и ќе може да поставите прашање. Значи ние требаше да чекаме овие нашиве, од нас наречени предавници кои беа таму за да ја кодошат својата држава да си дискутираат меѓу себе, па потоа ние, ако ни дадат можност, а на такви настани обично имате три минути да поставите пола прашање и готово заврши приказната, едноставно да не стават во ќош и да си ја истераат својата приказна.“
Нонковиќ вели дека во изминативе 10 години, Македонија напредува во поглед на слободата на медиуми на листите на Фрудом хаус и на Репортери без граници. Не е загрозување на слободата, ако се затвори медиум што должи 30 милиони евра за данок, дава плати на црно и го прекршува законот, дециден е тој.
Здружението на новинари на Македонија реагира на говорот на омраза и повикот на линч кон некои новинари, учесници на панел-дискусијата во Брисел.
Писмо од ЗНМ до министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска
Здружението на новинарите на Македонија бара од Министерството за внатрешни работи да делува превентивно и да ги заштити колегите - новинари кои деновивие се изложени на невиден вербален линч, закани и говор на омраза поради учеството на панел дискусијата во Европскиот парламент.
Доказ за тоа се дискусиите на социјалните мрежи, начинот на кој дел од медиумите и новинарите информираат, поттикнувајќи насилство со говор на омраза и дисквалификации од типот предавници, платеници и слично.
Веруваме дерка полиција нема да го игнорира фактот дека во земјата се создава атмосфера на јавен линч на наши колеги и дека ќе направи се да ја обезбеди нивната сигурност и безбедност.
Писмо од ЗНМ до Советот за радиодифузија
Соочени со ексалацијата на говорот на омраза во дел од електронските медиуми бараме од Советот за радиодифузија да реагира и да го спречи вербалното насилство насочено кон сите колеги, кои учествуваа на панел дебатата во Европскиот парламент.
Очекуваме од Советот да спречи повикување на насилство и јавен линч , што е во спроитвност со програмските стандарди за електронските медиуми утврдени во Законот за радиодифузија.
Комисијата е свесна за овој инцидент и жали поради тоа. Ние сфаќаме дека ова беше обид од група поединци од поранешната југословенска Република Македонија и од нивните поддржувачи да ја нарушат јавната дебата во Европскиот парламент.Штефан Филе, еврокомесар за проширување
„Комисијата е свесна за овој инцидент и жали поради тоа. Ние сфаќаме дека ова беше обид од група поединци од поранешната југословенска Република Македонија и од нивните поддржувачи да ја нарушат јавната дебата во Европскиот парламент. Инволвираните пропуштија вредна шанса да учествуваат во една отворена дебата“, се наведува во соопштението од кабинетот на Филе.
На панел-дискусијата беа поканети новинарите Борјан Јовановски, Билјана Секуловска и Слободанка Јовановска. Новинарите Миленко Неделковски, Бобан Нонковиќ и Мирка Велиновска дојдоа на дискусијата како гости. Гостите веднаш почнаа да зборуваат пред да им биде даден збор по што беа замолени да ја напуштат салата. Во ходникот пред салата, европратеникот Јоргос Шацимаркакис им се обрати на овие новинари со погрдни зборови.
Начинот на комуникација на европратеникот Шацимаркакис надоврзан на начинот на комуникација на колегите, Мирка, Миленко и извесниот Нонковиќ, и нанесе огромна штета на Македонија.Борјан Јовановски, новинар.
Новинарот Борјан Јовановски смета дека виновници за инцидентот во Европскиот парламент се Неделковски, Нонковиќ и Велиновска. Масло на огнот долеа и германскиот европратеник Шацимаркакис, вели Јовановски, а сето тоа на штета на Македонија. Пропуштена е извонредна можност да разговараме за слободата на медиумите во Македонија, која се наоѓа се повисоко на политичките агенди на меѓународните институции, вели тој.
„Односот на пратеникот Шацимаркакис е навистина недоличен за еден европратеник кој треба да промовира европски вредности и се разбира неговиот начин на комуникација надоврзан на начинот на комуникација на колегите, Мирка, Миленко и извесниот Нонковиќ, и нанесе огромна штета на Македонија. Јас сум се уште во Брисел и верувајте во контакт сум со повеќе европратеници, луѓе од ЕК кои навистина се шокирани од сето она што се случи во една копродукција, во еден примитивен дијалог кој се одвиваше во ходниците меѓу пратеникот Шацимаркакис и тројцата новинари кои дојдоа од Скопје.“
Ние почнавме да зборуваме веднаш бидејќи најпрво Кацин, после оној, како да го наречам, негативен негов извештај за Македонија што самиот си го направил, отиде да им даде збор на нивните панелисти, со тоа што уште претходно нивните асистенти нам ни кажаа, вие ќе бидете обична публика.Бобан Нонковиќ, новинар.
Новинарот Бобан Нонковиќ реагира дека тој не ја пропуштил шансата да разговара, туку оти тоа му било оневозможено. На обвинувањата дека со ова и се нанесува штета на Македонија, тој вели дека штетата ја нанесуваат токму тие „што ја оцрнуваат Македонија пред меѓународната јавност“. Токму тие што 20 години го уништуваат македонското новинарство сега го вперуваат прстот во друг.
Нонковиќ објаснува зошто не го почекале нивното време за излагање, туку почнаа да зборуваат веднаш после словенечкиот европратеник Јелко Кацин, кој беше модератор на дебатата.
„Ама ние почнавме да зборуваме веднаш бидејќи најпрво Кацин, после оној, како да го наречам, негативен негов кус извештај за Македонија што самиот си го направил, отиде да им даде збор на панелистите, со тоа што уште претходно нивните асистенти нам ни кажаа вие ќе бидете обична публика и ќе може да поставите прашање. Значи ние требаше да чекаме овие нашиве, од нас наречени предавници кои беа таму за да ја кодошат својата држава да си дискутираат меѓу себе, па потоа ние, ако ни дадат можност, а на такви настани обично имате три минути да поставите пола прашање и готово заврши приказната, едноставно да не стават во ќош и да си ја истераат својата приказна.“
Нонковиќ вели дека во изминативе 10 години, Македонија напредува во поглед на слободата на медиуми на листите на Фрудом хаус и на Репортери без граници. Не е загрозување на слободата, ако се затвори медиум што должи 30 милиони евра за данок, дава плати на црно и го прекршува законот, дециден е тој.
Здружението на новинари на Македонија реагира на говорот на омраза и повикот на линч кон некои новинари, учесници на панел-дискусијата во Брисел.
Писмо од ЗНМ до министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска
Здружението на новинарите на Македонија бара од Министерството за внатрешни работи да делува превентивно и да ги заштити колегите - новинари кои деновивие се изложени на невиден вербален линч, закани и говор на омраза поради учеството на панел дискусијата во Европскиот парламент.
Здружението на новинарите на Македонија бара од Министерството за внатрешни работи да делува превентивно и да ги заштити колегите - новинари кои деновивие се изложени на невиден вербален линч, закани и говор на омраза поради учеството на панел дискусијата во Европскиот парламент.Здружение на новинарите на Македонија.