Групата ПУ на јубилејот на улица Македонија

Составот „Лева Патика“ кој настана по расформирањето на бендот ПУ.

Во чест на одбележувањето на 100 годишнината од улица Македонија, ќе настапи групата ПУ, една од најпознатите скопски групи од 1970-те и составот што ја потпиша „Неправда“.
Звуците на Неправда најскопската скопска рок песна на сите времиња и химната на генерациите од 1970-те, 1980-те и потоа, повторно ќе одекнат оваа сабота од една од сцените на денешната најпозната пешачка зона во градов. За тоа ќе се погрижат Гранит Таки – вокал, Аријан Дема – гитара, Данаил Дарковски – бас, Рамиз Јусуфи – клавијатури и Бошко Доневски – тапани, оригиналните членови на групата ПУ – еден од камен темелниците на македонската рок сцена.
минатото.
Ние сме скопска група, така што на 24-ти сигурно ќе настапиме во комплетен состав
Гранит Таки, водач и пејач на групата ПУ.

Тие, по цели 25 години, решија во чест на одбележувањето на 100 годишнината од постоењето на улица Македонија, да засвират заедно и на тој начин да ја збогатат 12 часовната прослава што ја потпишува општина Центар и во рамките на која, покрај концерти ќе има и бројни перформанси, изложби, матинеа и во четирите зони ќе кружи пајтон, ќе се служат кафе и боза и костимираните гости ќе евоцираат спомени за
Гранит Таки, пејачот и водачот на групата ПУ

„Ние сме скопска група, така што на 24-ти сигурно ќе настапиме во комплетен состав“, вели Гранит Таки пејачот и водачот на ПУ.
Тој дополнува дека тие уживале во пробите за овој настап и дека сега се носат со идеја да ја продолжат сторијата за оваа легендарна македонска група.

„ПУ ќе си продолжи со својата музика и мислам дека повторно ќе бидат снимени старите песни.“
ПУ ќе си продолжи со својата музика и мислам дека повторно ќе бидат снимени старите песни
Гранит Таки, водач и пејач на групата.

Од друга страна, Таки обелоденува и една навистина пријатна вест. ЛЕВА ПАТИКА составот што настана по расформирањето на ПУ и во кој покрај него и Јусуфи, своевремено беа и Драган Грулевски на гитара и Аљо Исмаиловски на бас, помогнат од младиот Дино Милосављевиќ на тапани, деновиве го завршува вториот албум што малкумина го очекуваа од нив. За снимениот материјал знае да забележи:

„Ако треба да се класифиција, значи рок, поп, фанк, во тој стил. Ако се сеќаваат убаво на Неправда, мислам дека некои од песните може да им се доближат.“

Гранит истакнува дека тие внимателно ќе ги следат реакциите на публиката за албумот чиј работен наслов е Ноќни птици, но сигурен е дека ЛЕВА ПАТИКА има иднина та затоа забележува дека текстовите на песните веќе ги работат и на англиски јазик и дополнува дека не се исклучени концерни настапи и во соседните земји.