Македонија не успеа да ја победи Русија во натпреварот за третото место на ЕП во Литванија..
Македонските кошаркари го освоија четвртото место на ЕП во Литванија. Во малото финале, македонските кошаркари изгубија од Русија со 72:68.
Илјадниците луѓе го следеа натпреварот на голем видео-бим на плоштадот Македонија во Скопје. Македонските граѓани, кои до крај ги бодреа кошаркарите, не се разочарани од поразот:
„Одлично, четврто место е победа за Македонија.“
„Премногу сме горди на македонската репрезентација. Им благодариме што направија Македонија да ужива во феноменалната славеничка атмосфера. Ма-ке-до-ни-ја.“
„И покрај тоа што не победивме, никогаш не сум бил толку среќен и толку горд како денеска. Заслужуваме да славиме и треба цела Македонија да слави“, велат анкетираните граѓани.
Четвртото место на ЕП е најголем успех на македонската кошарка во историјата.
На 6 секунди пред крајот, Македонија имаше шанса да го израмни резултатот, но топката му испадна од рацете на младиот Дамјан Стојановски.
Најефикасен во нашиот состав повторно беше Лестер Бо Мекејлеб со 22 поени. Влатко Илиевски додаде 16, а Перо Антиќ 13 поени.
Најдобар во рускиот состав беше НБА ѕвездата Андреј Кириленко кој уфрли 18 поени и 7 скокови.
Селекторот на репрезентацијата Марин Докузовски, на официјалнaтa прес-конференција по завршувањето на натпреварот, изјави:
„Денеска бевме многу блиску да го оствариме нашиот сон, кој го сонувавме во текот на целото првенство, но и покрај тоа што имавме голема желба и големо срце и на денешниот натпревар и не се предававме до крај, сепак Русија е веле-сила во кошарката, има поголем фонд на играчи и денеска клуч на нивната победа беше скокот во напад“.
Агенцијата за млади и спорт, Кошаркарската федерација и Јавното сообраќајно претпријатие утре организираат свечен пречек на кошаркарите, кои треба да пристигнат на скопскиот аеродром во 11:30ч. Дваесет двокатни автобуси утре во девет часот од пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе ги превезат заинтерсираните граѓани до скопскиот аеродром.
Од аеродромот, кошаркарите, сместени во панорамски двокатен автобус специјално брендиран за нив, ќе го предводат конвојот од автобуси низ улиците на Скопје. Околу 12:30 часот кошаркарите ќе застанат кај ТЦ „Бисер“ во населбата Аеродром и околу 13 часот кај НБРМ, при што граѓаните ќе можат да ги поздрават и да им честитаат за успехот.
„Планирано е во 13 и 30 да биде главниот или централниот дел на поздравувањето и прославувањето на големиот успех“, изјави режисерот на програмата за прославата, Дејан Пројкоски.
Кошаркарите први ќе ги поздрават младинските кошаркарски тимови од целата држава. Граѓаните ќе можат да ги фотографираат и поздрават пред фонтаната на плоштадот. Потоа ќе следи едночасовна програма, со обраќање на кошаркарите, настапи на пеачи од македонската естрада и изведби на навивачките химни и песни и презентација на извадоци од најдобрите спортски моменти на репрезентацијата. Прославата треба да заврши во 14 часот и 30 минути.

Денеска бевме многу блиску да го оствариме нашиот сон, кој го сонувавме во текот на целото првенство, но и покрај тоа што имавме голема желба и големо срце и на денешниот натпревар и не се предававме до крај, сепак Русија е веле-сила во кошарката, има поголем фонд на играчи и денеска клуч на нивната победа беше скокот во напад.Марин Докузовски, Селектор на репрезентацијата.
„И покрај тоа што не победивме, никогаш не сум бил толку среќен и толку горд како денеска. Заслужуваме да славиме и треба цела Македонија да слави“, велат анкетираните граѓани.
Четвртото место на ЕП е најголем успех на македонската кошарка во историјата.
На 6 секунди пред крајот, Македонија имаше шанса да го израмни резултатот, но топката му испадна од рацете на младиот Дамјан Стојановски.
Најефикасен во нашиот состав повторно беше Лестер Бо Мекејлеб со 22 поени. Влатко Илиевски додаде 16, а Перо Антиќ 13 поени.
Најдобар во рускиот состав беше НБА ѕвездата Андреј Кириленко кој уфрли 18 поени и 7 скокови.
Селекторот на репрезентацијата Марин Докузовски, на официјалнaтa прес-конференција по завршувањето на натпреварот, изјави:
„Денеска бевме многу блиску да го оствариме нашиот сон, кој го сонувавме во текот на целото првенство, но и покрај тоа што имавме голема желба и големо срце и на денешниот натпревар и не се предававме до крај, сепак Русија е веле-сила во кошарката, има поголем фонд на играчи и денеска клуч на нивната победа беше скокот во напад“.
Свечен пречек за кошаркарите
Планирано е во 13 и 30 да биде главниот или централниот дел на поздравувањето и прославувањето на големиот успех.Дејан Пројковски, режисер на програмата за прославата.
Агенцијата за млади и спорт, Кошаркарската федерација и Јавното сообраќајно претпријатие утре организираат свечен пречек на кошаркарите, кои треба да пристигнат на скопскиот аеродром во 11:30ч. Дваесет двокатни автобуси утре во девет часот од пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе ги превезат заинтерсираните граѓани до скопскиот аеродром.
Од аеродромот, кошаркарите, сместени во панорамски двокатен автобус специјално брендиран за нив, ќе го предводат конвојот од автобуси низ улиците на Скопје. Околу 12:30 часот кошаркарите ќе застанат кај ТЦ „Бисер“ во населбата Аеродром и околу 13 часот кај НБРМ, при што граѓаните ќе можат да ги поздрават и да им честитаат за успехот.
„Планирано е во 13 и 30 да биде главниот или централниот дел на поздравувањето и прославувањето на големиот успех“, изјави режисерот на програмата за прославата, Дејан Пројкоски.
Кошаркарите први ќе ги поздрават младинските кошаркарски тимови од целата држава. Граѓаните ќе можат да ги фотографираат и поздрават пред фонтаната на плоштадот. Потоа ќе следи едночасовна програма, со обраќање на кошаркарите, настапи на пеачи од македонската естрада и изведби на навивачките химни и песни и презентација на извадоци од најдобрите спортски моменти на репрезентацијата. Прославата треба да заврши во 14 часот и 30 минути.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5