Камиони, дрва, бодликав тел, песок, насобрани луѓе. Ваква е сликата од двата гранични премина на северот на Косово. Синоќа КФОР го блокира преминот Јариње, по што косовските срби ги блокираа сите приоди до него. Слично е и на преминот Брњак, а од синоќа е блокиран и мостот во Митовица. Официјална Приштина соопшти дека со помош на меѓународните фактори распореди полиција и цариници на премините. За ситуацијата на северот на Косово расправаше и Советот за безбедност на Обединетите нации.
Косовските Срби се противат на планот на косовските власти да распоредат свои цариници и полиција на двата премина што Северно Косово го поврзуваат со Србија.
Сличниот обид во јули годинава предизвика насилства при што еден косовски полицаец беше убиен.
Видео - преземање на Јариње и Брњак:
Пред синоќешната вонредна седница на Советот за безбедност, генералниот секретар на Обединетите нации, Бан ки Мун, изрази загриженост поради заканата од насилство.
„Ги повикувам сите засегнати страни да се воздржат од еднострани акции кои би можеле да ги зголемат тензиите. Апелирам до властите во Приштина и Белград да го продолжат дијалогот и да преземат практични чекори за спроведување на досега постигнатите договори. Исто така, ги повикувам да ги вложат сите напори за да се спречат судири и насилство во северниот дел на Косово.“
На вонредната седница, Советот за безбедност не успеа да се договори околу резолуцијата што ја предложи Русија во која од двете страни на Косово се бара избегнување на насилство и решавање на разликите преку дијалог.
Веднаш по седницата на Советот, шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ уште еднаш предупреди дека мирот на Косово е загрозен и оти Србија не прифаќа никаква одговорност за она што може да се случи.
„Србија е подготвена уште утре да го продолжи дијалогот. Сигурен сум дека може да се најде решение за оваа извонредна тема. Но не можеме да разбереме зошто оваа акција не се смета за едностран чекор кој е закана за мирот и стабилноста.“
Настапот на Вук Јеремиќ на седницата на Советот за безбедност косовскиот претставник, Енвер Хоџај, го оцени како отворена закана, а неговата реторика како опасна за мирот на Балканот.
„Она што слушнавме пред неколку минути е дека Србија едноставно реши да оди против меѓународната заедница, да оди против Советот за безбедност, Европската унија и НАТО и јас се прашувам дали ние навистина живееме во 1991 година или 2011 година кога двете земји треба повеќе да работат на европската интеграција.“
До оваа вонредна седница на Советот за безбедност дојде по престојот на генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен на Косово.
„Мандатот на КФОР е да одржува сигурност и безбедност. Тоа значи дека ќе интервенира доколку тие бидат загрозени. Дел од мандатот е и обезбедување слободно движење на луѓе“, зјави Расмусен.
Косовскиот премиер Хашим Тачи потврди дека планот на неговата влада за преземање на премините е помогнат од ЕУЛЕКС и од КФОР. Од друга страна, српскиот претседател Борис Тадиќ предупреди дека таквиот потег ќе ги обнови насилствата во регионот.
Србија е подготвена уште утре да го продолжи дијалогот. Сигурен сум дека може да се најде решение за оваа извонредна тема. Но не можеме да разбереме зошто оваа акција не се смета за едностран чекор кој е закана за мирот и стабилноста.
Видео - преземање на Јариње и Брњак:
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Пред синоќешната вонредна седница на Советот за безбедност, генералниот секретар на Обединетите нации, Бан ки Мун, изрази загриженост поради заканата од насилство.
„Ги повикувам сите засегнати страни да се воздржат од еднострани акции кои би можеле да ги зголемат тензиите. Апелирам до властите во Приштина и Белград да го продолжат дијалогот и да преземат практични чекори за спроведување на досега постигнатите договори. Исто така, ги повикувам да ги вложат сите напори за да се спречат судири и насилство во северниот дел на Косово.“
На вонредната седница, Советот за безбедност не успеа да се договори околу резолуцијата што ја предложи Русија во која од двете страни на Косово се бара избегнување на насилство и решавање на разликите преку дијалог.
Веднаш по седницата на Советот, шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ уште еднаш предупреди дека мирот на Косово е загрозен и оти Србија не прифаќа никаква одговорност за она што може да се случи.
„Србија е подготвена уште утре да го продолжи дијалогот. Сигурен сум дека може да се најде решение за оваа извонредна тема. Но не можеме да разбереме зошто оваа акција не се смета за едностран чекор кој е закана за мирот и стабилноста.“
Она што слушнавме пред неколку минути е дека Србија едноставно реши да оди против меѓународната заедница, да оди против Советот за безбедност, Европската унија и НАТО и јас се прашувам дали ние навистина живееме во 1991 година или 2011 година кога двете земји треба повеќе да работат на европската интеграција.