По манастирот Трескавец, пожарникарите, засилени со работници од други јавни претпријатија како и граѓани, вложуваат натчовечки напори да го спасат Зрзе.
Кај манастирите Трескавец и Зрзе, во атарите на селата Небрегово, Долгаец, Дреновци, Десово, Маргари, Зрзе..беснеат пожари. Екипи од прилепската противпожарна единица, засилени со работници од „Македонски шуми“, јавните претпријатија, Дирекцијата за заштита и спасување и граѓани доброволно се ангажираат за да го спасат македонското духовно наследство во овој регион, и шумските богатства.
Со натчовечки напори се спаси Трескавец, каде пламените јазици стигнаа дури на сто метри до манастирските порти. А, огнената стихија со часови беснее на неколку стотици метри од манастирот Свето Преображение што се наоѓа над долненското село Зрзе.
„Едниот дел се движи кон манастирот Зрзе, а другиот дел се движи кон шумскиот комплекс над селото Долгаец и Маргари. И сега дополнителни сили што што ќе следуваат ќе се насочат кон тој фронтален дел што се движи кон манастирот. Авионите и натаму продолжуваат да дејствуваат и ќе ги насочиме да дејствуваат во овој дел“, изјави Јован Аврамоски, инспектор во прилепската подружница на дирекцијата за заштита и спасување.
Тој со часови ја координира акцијата за спас на манастирскиот комплекс. Подготвено за интервенција е монашкото братство, кое повеќе од 10 години се грижи за развој на овој манастир, како еден од најголемите културно-историски богатства и лулка на христијанството во Македонија.
Ситуацијата со пожарите е хаотична. Додека во еден момент и на едно место пожарот се локализира, на неколку други се појавуваат нови пожари. Па пожарникарите преморени трчаат од една на друга страна во долненско.
„Пожарникарите се активни по 35 часа се на работа и по 35 часа се на терен. Тоа е огромна ангажираност на вработените. Меѓутоа сепак професионалноста си е професионалност и луѓето одговараат на сета таа работа“, изјави Станко Колески, командир на прилепската Територијална противпожарна единица.
Тој тврди дека сите пожари се подметнати од пиромани. Повикува на помош од месното население во гаснење на огнот. Но, побара и поголема соработка со цел брзо откривање на пироманите.
Градоначалникот Марјан Ристески ја повика полицијата да ја засили својата активност и да ги открива сторителите. Тој побара и до својот колега во Општина Долнени, поголем ангажман.
„Се надевам дека конечно ќе се вклучи и Општина Долнени во гаснење на пожарите, бидејќи според информациите од терен и нема некоја помош од локалната самоуправа и локалното население. Сепак станува збор за Општина Долнени“, изјави Ристески.
Градоначалникот на Долнени, Абдула Бајрамоски, исто така бара од полиција да се преземат опсежни мерки за откривање на сторителите. Истакна дека месното население е активно вклучено во гаснење на огнот и дека ситуацијата која од час во час се менува, будно се следи. Од општината потекнала и иницијативата за активирање на авионите во борбата со стихијата кај Зрзе.
Инаку во пожари последниов месец се пеплосани стотици хектари со стрништа, ниски деградирани, но и квалитетни дабови и букови шуми. Штетите се огромни, а дополнително ќе се прават детални анализи. Засега нема информација дека некој пироман е санкциониран.

Едниот дел се движи кон манастирот Зрзе, а другиот дел се движи кон шумскиот комплекс над селото Долгаец и Маргари.Јован Аврамоски, Дирекција за заштита и спасување
„Едниот дел се движи кон манастирот Зрзе, а другиот дел се движи кон шумскиот комплекс над селото Долгаец и Маргари. И сега дополнителни сили што што ќе следуваат ќе се насочат кон тој фронтален дел што се движи кон манастирот. Авионите и натаму продолжуваат да дејствуваат и ќе ги насочиме да дејствуваат во овој дел“, изјави Јован Аврамоски, инспектор во прилепската подружница на дирекцијата за заштита и спасување.
Тој со часови ја координира акцијата за спас на манастирскиот комплекс. Подготвено за интервенција е монашкото братство, кое повеќе од 10 години се грижи за развој на овој манастир, како еден од најголемите културно-историски богатства и лулка на христијанството во Македонија.
Ситуацијата со пожарите е хаотична. Додека во еден момент и на едно место пожарот се локализира, на неколку други се појавуваат нови пожари. Па пожарникарите преморени трчаат од една на друга страна во долненско.
Пожарникарите се активни по 35 часа се на работа и по 35 часа се на терен. Тоа е огромна ангажираност на вработените. Меѓутоа сепак професионалноста си е професионалност и луѓето одговараат на сета таа работа.Станко Колески, командир на прилепската противпожарна единица