Дебар доби итна медицинска помош во рамки на проектот за формирање на вакви служби во помалите општини во државата.
Во рамките на втората етапа од основањето на службите за итна медицинска помош и во помалите општини во Република Македонија, служба е формирана и во Дебар во состав на Здраствениот дом. Министерот за здравство, Никола Тодоров, за време на престојот во Дебар оцени дека формирањето на овие служби за итна медицинска помош ќе овозможи целосна здравствена заштита и во помалите средини, а особено во руралните населени места.
„На територијата на Република Македонија има вкупно 185 тимови за итна медицинска помош. Продолжуваме со овој проект и ќе отвориме вакви служби и во помалите градови како што се Делчево, Берово, Пехчево, Виница и други општини јасно и оваа служба што веќе стартуваше во Дебар. Станува збор за формирање на вакви служби кои во 2008 година по одредените активности, останаа без итна медицинска помош“, нагласи министерот Тодоров.
Овие служби за итна медицинска помош имаат регионални ефекти, така што тие ќе бидат рационално користени, вели градоначалникот на Дебар Аргетим Фида.
„Стартот на оваа служба нема да создава проблем на другиот медицински персонал со кој до сега се покриваше теренот. Сега има услови за брз третман на итните случаи не само во општина Дебар туку и во општините Центар Жупа и Маврово-Ростуше“, нагласи Фида.
Општина Дебар и соседните општини до сега имаа големи проблеми со болните особено во селските населени места, објаснува директорот на Здравствениот дом во Дебар Илбер Кокале.
„Оваа служба беше многу потребна на нашиот град и нашите села. До сега имаше случаи кога и не можевеме навреме да одговориме на барањата за интервенција. Отсега мислам дека ќе бидеме во состојба да одговориме целосно на барањата на болните“, според програмата за работа на оваа служба, таа ќе ги покрива целосно градот Дебар и над 40-тина селски населени места во општините Дебар, Центар Жупа и Маврово-Ростуше.
Продолжуваме со овој проект и ќе отвориме вакви служби и во помалите градови како што се Делчево, Берово, Пехчево, Виница и други општини јасно и оваа служба што веќе стартуваше во Дебар.Никола Тодоров, министер за здравство.
„На територијата на Република Македонија има вкупно 185 тимови за итна медицинска помош. Продолжуваме со овој проект и ќе отвориме вакви служби и во помалите градови како што се Делчево, Берово, Пехчево, Виница и други општини јасно и оваа служба што веќе стартуваше во Дебар. Станува збор за формирање на вакви служби кои во 2008 година по одредените активности, останаа без итна медицинска помош“, нагласи министерот Тодоров.
Овие служби за итна медицинска помош имаат регионални ефекти, така што тие ќе бидат рационално користени, вели градоначалникот на Дебар Аргетим Фида.
„Стартот на оваа служба нема да создава проблем на другиот медицински персонал со кој до сега се покриваше теренот. Сега има услови за брз третман на итните случаи не само во општина Дебар туку и во општините Центар Жупа и Маврово-Ростуше“, нагласи Фида.
Сега има услови за брз третман на итните случаи не само во општина Дебар туку и во општините Центар Жупа и Маврово-Ростуше.Аргетим Фида, градоначалник на Дебар.