Македонските кошаркари со тројка во последната секунда загубија од Русија на ЕП во Литванија. Во четвртфиналето што се игра во среда, Македонија ќе се соочи со домаќинот, Литванија.
Во драматична завршница, со тројка во последната секунда, македонските кошаркари загубија од репрезентацијата на Русија со резултат 61:63 во последното коло од втората фаза на Европското првенство што се игра во Литванија и го освоија второто место во групата Ф.
Во четвртфиналето Македонија ќе игра против домаќинот, Литванија, која заврши третопласирана во другата група, Е.
Најефикасен на натпреварот повторно беше Лестер Бо Мекејлеб со 16 поени. Одлична игра пружи и Перо Антиќ, кој го заврши натпреварот со 15 поени, 10 скокови и 5 асистенции, но очигледно тоа не беше доволно за победа.
Во македонскиот национален тим се чувствуваше отстуството на поврдениот Тодор Гечевски, кој ја скрши раката на претходниот натпревар со Словенија.
Четвртфинални натпревари:
Ако Македонија успее да ја помине Литванија, во полуфиналето што се игра на 16 септември во 16:30 ќе се соочи со победникот од натпреварот Шпанија - Словенија.
Во случај на пораз во четвртфиналето, македонските кошаркари ќе разигруваат за пласман од 5 до 8 место со поразениот од Шпанија - Словенија на 15 септември во 14:30ч.

Натпревар | Датум | Час | Град |
Шпанија - Словенија | 14.09.2011 | 17:00 | Каунас |
Македонија - Литванија |
14.09.2011 |
20:00 |
Каунас |
Франција - Грција | 15.09.2011 | 17:00 | Каунас |
Русија - Србија | 15.09.2011 | 20:00 | Каунас |