На македонската кошаркарска репрезентација и беа доволни само пет меча на ЕП во Литванија, за да го одбрани деветтото место од пред две години во Полска. До тој успех дојдовме по победите над Грција, Хрватска, Финска и Босна и Херцеговина, за прво место во групата Ц и што е уште позначајно, со максимални четири бодови влеговме во осминафиналната фаза, каде ќе ги одмериме силите со Русија, Словенија и Грузија. Ваквиот развој на настаните од, според светските обложувалници, аутсајдер во битката за влез меѓу 12-те најдобри, не
промовира во фаворит за пласман во четвртфиналето и обезбедување најмалку на осмото место. Тоа би бил најголем успех во историјата на мак баскетот, за што потребна ни е само уште една победа, која, според тренерот на нашиот шампион Фени Индустри, Емил Рајковиќ, може да ја извојуваме уште утре, против Грузија.
„Грузија е репрезентација којашто можеме да ја добиеме, посебно тоа што имаме два дена одмор, но тој натпревар со Босна го изигравме многу паметно малку и со штедење на силите, така што сега со Грузија очекувам една борба, пожртвуваност, дечките ќе бидат одморени, се надевам на победа.“
Според Рајковиќ, во моментов не треба да се оптоваруваме со полуфинале или освојување на шестото место, кое носи пласман во квалификациите за Олимпијадата која наредната година ќе се одржи во Лондон. Сепак, тоа не значи и дека тој не верува во таков успех на нашите репрезентативци, кои докажаа дека за нив никој не е недопирлив.
„Било кој противник кој што ќе ни се падне во четврт финалето би бил неверојатно тежок противник, таму се Србија, Франција, Шпанија, Литванија, Турција, Германија, тоа се шест многу силни репрезентации така што во четврт финалето ќе биде неверојатно тешко да се пројде, но овие наши момчиња, наши херои веќе не смееме да ги отпишеме против никого, дури се надеваме и против Шпанија“, додаде кормиларот на актуелниот првак во Балканската кошаркарска лига.
Вообичаено, од оптимистички изјави не се воздржуваат граѓаните. Тие се воодушевени од досегашниот успех на кошаркарите, од кои сега очекуваат и медал.
„Горд сум што сум Македонец, тоа е најголемото чувство моментално. Грција што ги победивме тоа е уште поголема радост и понатаму очекувам барем една бронза да освоиме.“
„Сите сме горди на победата на македонската репрезентација, супер се чувствуваме, очекуваме и понатаму да играат добро, да играат храбро, па нека играат и меѓу четирите најдобри екипи во Европа.“
„Мене ме радува една друга работа, тоа што нашата репрезентација важи за шутерска репрезентација пред се и сеуште го нема дадено оној максимум на шутирање од надворешните позиции, во тој случај се е можно.“
Сега со Грузија очекувам една борба, пожртвуваност, дечките ќе бидат одморени, се надевам на победа.Емил Рајковиќ, тренер на Фени Индустри
„Грузија е репрезентација којашто можеме да ја добиеме, посебно тоа што имаме два дена одмор, но тој натпревар со Босна го изигравме многу паметно малку и со штедење на силите, така што сега со Грузија очекувам една борба, пожртвуваност, дечките ќе бидат одморени, се надевам на победа.“
Според Рајковиќ, во моментов не треба да се оптоваруваме со полуфинале или освојување на шестото место, кое носи пласман во квалификациите за Олимпијадата која наредната година ќе се одржи во Лондон. Сепак, тоа не значи и дека тој не верува во таков успех на нашите репрезентативци, кои докажаа дека за нив никој не е недопирлив.
Горд сум што сум Македонец, тоа е најголемото чувство моментално. Грција што ги победивме тоа е уште поголема радост и понатаму очекувам барем една бронза да освоиме.Анкетиран граѓанин.