Тие успешно ги минаа квалификациите и по третпат обезбедија учество на европските првенства, па во септември наредната година ќе бидеме дел од шампионатот во Литванија. Таму ќе го браниме историското деветто место, освоено на ланското Еуро во Полска. Тој подвиг ја наметна како императив визата за Литванија, што не беше ни малку лесно да се исполни. Затоа во националниот тим и денес не го кријат големото задоволство од успехот постигнат против силните ривали во групата, но и во ситуација кога:
„Имавме и проблеми со играчите, доста играчи откажаа, дојде и до една смена на генерација каде што доста млади играчи вклучив во репрезентацијата така што можам да кажам дека сум двојно задоволен, затоа што од една страна се пласиравме на ЕП, а од друга страна не се почувствува таа смена на генерации“, изјави селекторот Марин Докузовски.
Тој има големи очекувања од настапите на собирот на најдобрите 24 селекции на Стариот континент. Иако, до тогаш има уште девет месеци, селекторот се надева дека овој пат нема да се случи ништо непредвидено, па комплетни ќе атакуваме на ист или подобар пласман од оној во Полска. Тоа би претставувало огромен успех, за чие остварување, според Докузовски, главен адут ни е искусниот и квалитетен репрезентативен состав.
„Ќе сториме се овој успех да го повториме, имаме и искуство од едно ЕП, ова е веќе трето за нас и ќе бидеме и поискусни во тој дел и играчите ќе се чувствуваат малку порелаксирано и очекувам да го повториме успехот“, додаде Докузовски.
Тој, за жал, не е голем оптимист кога е во прашање иднината на македонската кошарка. Причина за тоа е слабото домашно првенство во кое единственото добро сезонава е изедначеноста меѓу повеќето клубови и неизвесноста во битката за опстанок. Сепак, тоа не носи и напредок, а најсериозен проблем е големата безпарица. Селекторот е свесен дека тоа и во блиска иднина нема да се промени, но, од друга страна, очекува токму овој проблем да биде повод за:
„Сите клубови да се преориентираат и да работат повеќе со млади играчи и да се ставаат повеќе тие млади играчи во игра, за да еден ден пак дојдеме во една ситуација каде што ќе имаме силна репрезентација инаку вака ќе дојдеме до еден ваакум простор кој што ќе биде доста непријатен за нас“, истакна на крајот Марин Докузовски.
Ќе сториме се овој успех да го повториме, имаме и искуство од едно ЕП, ова е веќе трето за нас и ќе бидеме и поискусни во тој дел и играчите ќе се чувствуваат малку порелаксирано и очекувам да го повториме
успехот.