Достапни линкови

Митровски судија во женската кошаркарска Евролига


Македонските клубови последните неколку години не настапуваат во европските кошаркарски купови, но нивната завршница сезонава нема да помине без наш претставник. Заслужен за тоа е нашиот најперспективен судија, Игор Митровски, арбитер на претстојниот Еврокуп во женската кошаркарска лига.

Македонските клубови последните неколку години не настапуваат во европските кошаркарски купови, но нивната завршница сезонава нема да помине без наш претставник. Заслужен за тоа е нашиот најперспективен судија, Игор Митровски, еден од седумте арбитри од исто толку земји номинирани за фајнл–фор турнирот од женската Евролига, кој од 9-ти до 11-ти април ќе се одржи во Валенсија. Ова е круна на досегашната кариера на Митровски, кој годинава судеше на 9 меѓународни меча, меѓу кои еден реванш четвртфинален во машкиот и едно полуфинале во женскиот Еврокуп. Затоа и се надевал дека ќе добие вакво признание.

„Резултат на моето целокупно залагање за овие неколку години колку што се наоѓам во интернационалните води. Мислам дека оваа работа започна уште во летните турнири каде што постигнав добри резултати и по тие активности и покажаните добри резултати очекував некој добар ангажман во завршницата на Првенствата и секако сум многу задоволен од мојата номинација за фајнл-фор во женскиот Еврокуп.“

Тој се уште не знае дали и на кој од четирите дуела, полуфиналните в петок и неделните средби за пласман, ќе ја дели правдата. Но, не се сомнева дека барем еднаш ќе се најде на паркетот, што ќе биде огромна чест и за мак-баскетот, имајќи го предвид врвниот квалитет на шпанската Валенсија, полската Висла Краков, како и на руските Екатеринбург и Спартак Москва.

„Двата полуфинални натпревари со многу јаки што ќе рече дека и самото финале ќе биде на високо ниво. Јас би сакал да добијам еден од полуфиналните мечеви, па за понатаму ќе видиме“, додава членот и на Судиската комисија при Македонската кошаркарска федерација.

Како еден од нејзините најистакнати претставници, тој смета дека имаме и други квалитетни и перспективни арбитри, кои во блиска иднина може да се пробијат на врвната сцена. Сепак, за тоа неопходни се и успеси на играчки план, што се потврди токму сезонава, по подвигот на репрезентацијата која го освои деветтото место на ЕП во Полска.

„Од тогаш колегите во судењето и воопшто во кошарката во Европа имаат високо мислење за нас и тоа е една од причините што судиите оваа година не зборам само за мене туку и за другите четворица колеги што добиваа клубски номинации, дека фондот и квалитетот на номинации се зголеми.“

Игор Митровски 15 години ја дели кошаркарската правда. На македонската прволигашка сцена е од 2001 година, а титулата меѓународен арбитар ја има од пред половина деценија, кога со само 25 години стана најмлад интернационален судија.
XS
SM
MD
LG