Денеска нашите кошаркари убедливо ја совладаа Словенија со 68:59 . Избраниците на Марин Докузовски продолжуваат со фантастична игра во одбраната за која денеска немаа одговор ниту Словенците.
Македонските кошаркари почнаа одлично и на самиот старт направија предност од 7:0. Но, Горан Драгиќ со серија успеа да го изедначи резултатот, по што нашите кошаркари со серија се одлепија на 19:9. Сепак, Словенците со серија од 12:1 за шест минути се вратија во натпреварот и го презедоа водството.
Нашите кошаркари во финишот од вториот период со концентрирана игра успеаја повторно да направат разлика и на полувремето заминавме со предност од осум поени. Во третата четвртина повреда на раката заработи нашиот центар Тодор Гечевски, а и Перо Антиќ со три лични грешки замина на клупата. На паркетот беа нашите резервни центри Предраг Самарџиски и Ѓорѓи Чековски, Но, и со нив на паркетот, Македонија успешно ја одржуваше предноста од десетина поени до максимални 17.
Само на крајот од средбата, Словенија успеа да се доближи на шест поени разлика, но Војдан Стојановски со тројка и дефинитивно ги „потопи“ надежите на Словенците за пласман во четвртфиналето.
Денешната победа е шеста во низа за македонската репрезентација.
Најефикасен на средбата во нашата селекција беше Бо Мекеjлеб со 19 поени, Владо Илиевски постигна 14, а Војдан Стојановски уфрли 11 поени. Кај Словенија најефикасен беше Горан Драгиќ со 20 поени.
Македонија в понеделник во 20 часот игра против Русија за првото место во групата. Место во четвртфиналето, македонските кошаркари обезбедија минатото коло со победата против Грузија.
Вечерва во нашата група играат Русија и Грција.
Во оваа втора фаза од Европското првенство останаа 12 репрезентации поделени во две групи. Најдобрите четири репрезентации од групите играат во четвтфиналето и тоа најдобите од едната група со четвртопласираните од другата, а второ со третопласираните.
Моментална состојба на табелата:

Место | Репрезентација | Победи/Порази | Бодови |
1. |
Македонија |
4/0 |
8 |
2. | Русија | 3/0 | 6 |
3. | Грција | 2/1 | 5 |
4. | Словенија | 1/3 | 5 |
5. | Финска | 1/3 | 5 |
6. | Грузија | 0/4 | 4 |