Синдикатот за градежништво бара сузбивање на работата на црно во градежната индустрија и еднаков третман на домашните со странските градежни фирми.
Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање бара сузбивање на работата на црно во градежната индустрија. Првиот човек на Синдикатот, Павел Трендафилов, вели дека е крајно време домашните градежни фирми да имаат ист третман со странските, особено кога учествуваат на тендерите. Во очи изградбата на делницата Смоквица-Демир Капија, како дел од коридорот 10, од синдикатот апелираат до финансиерот, Европската банка за обнова и развој, но и до Владата, да се сменат дел од критериумите со кои, како што велат, од старт се елиминираат домашните фирми.
„Наназад со години во Македонија имало тендери, јавни набавки, но работа да добие човек-фирма, не само домашна туку и надворешна која што отвара канцеларија со четири до пет луѓе, а потоа ги ангажира нашите брендови кои што комплетно ги извршуваа работните задачи, а ние имавме губење на работни места.“
Трендафилов посочува дека дел од забелешките биле прифатени од Европската Банка за обнова и развој, но најавуваат состанок со претставници на министерствата за финансии и транспорт и врски со цел да се реагира на два спорни критериуми во тендерот.
„Едната е да имаат проект на реализација од 250 милиони евра, таква голема капитална инвестиција ниту една наша голема компанија сеуште го нема направено и да имало годишен обрт во последните три години имало 150 милиони евра.“
Синдикатот за градежништво бара како услов за избор на главен изведувач на тендерот да се избере компанија која ќе изведува најмалку 70 проценти од вкупната вредност на објектот, а компанијата да вработува работници на неопределено или на определено време додека трае изградбата на објектот.
Меѓудругото, синдикатот бара главниот изведувач да има колективен договор со кој ги регулира платите, а ќе гарантира и безбедни услови за работа на работниците.
Домашните експерти, пак, велат дека тендерите најчесто ги добиваат меѓународните фирми зошто нудат поголеми финансиски гаранции.
„Македонските компании или се со загуба или покажуваат минимален профит за да покажат помала добивка затоа тие се исклучени“, изјави економскиот аналитичар Висар Адеми.
Според него, не може да се очекува државата да ги промени критериумите кои инвеститорот ги бара на тендерот за јавна набавка, но она што може да го направи се стандарди кои изведувачот фирма ќе ги почитува и нема да дозволува експлоатација на локалните работници.
„Единствено што може да се направи е локалните компании да бидат малку проактивни и да прават конзорциуми со меѓународните компании“, изјави Адеми.
Со години во Македонија имало тендери, јавни набавки, но работа да добие човек-фирма, не само домашна туку и надворешна која што отвара канцеларија со четири до пет луѓе, а потоа ги ангажира нашите брендови кои што комплетно ги извршуваа работните задачи, а ние имавме губење на работни места.Павел Трендафилов, Синдикат за градежништво.
„Наназад со години во Македонија имало тендери, јавни набавки, но работа да добие човек-фирма, не само домашна туку и надворешна која што отвара канцеларија со четири до пет луѓе, а потоа ги ангажира нашите брендови кои што комплетно ги извршуваа работните задачи, а ние имавме губење на работни места.“
Трендафилов посочува дека дел од забелешките биле прифатени од Европската Банка за обнова и развој, но најавуваат состанок со претставници на министерствата за финансии и транспорт и врски со цел да се реагира на два спорни критериуми во тендерот.
„Едната е да имаат проект на реализација од 250 милиони евра, таква голема капитална инвестиција ниту една наша голема компанија сеуште го нема направено и да имало годишен обрт во последните три години имало 150 милиони евра.“
Синдикатот за градежништво бара како услов за избор на главен изведувач на тендерот да се избере компанија која ќе изведува најмалку 70 проценти од вкупната вредност на објектот, а компанијата да вработува работници на неопределено или на определено време додека трае изградбата на објектот.
Меѓудругото, синдикатот бара главниот изведувач да има колективен договор со кој ги регулира платите, а ќе гарантира и безбедни услови за работа на работниците.
Домашните експерти, пак, велат дека тендерите најчесто ги добиваат меѓународните фирми зошто нудат поголеми финансиски гаранции.
Единствено што може да се направи е локалните компании да бидат малку проактивни и да прават конзорциуми со меѓународните компанииВисар Адеми, економист.