Десет години по нападите врз САД

Њујорк, 11 септември 2001

Осама бин Ладен е мртов. Исто така и Садам Хусеин, како и многумина втори луѓе на Ал Каеда. Џорџ Буш е дома на неговиот ранч. Дик Чејни е на турнеја со својата книга, дури ни генерал Дејвид Петреус веќе не е генерал, менувајќи ги ѕвездичките за цивилна функција во ЦИА. Но, како што пишува Њујорк Тајмс, десет години од уривањето на кулите близначки во Њујорк, се уште се живее во ерата 9/11.
Имињата и лицата се различни, Белата куќа има нови домаќини и земјата го сврте вниманието од далечните војни кон домашната економска криза.

Но, американската надворешна политика се уште е дефинирана од она што го избраа американските лидери по нападите. Дел од трансформацијата беше во врска со тактиката, од кривично гонење кон воени напади.

Вториот дел беше во стратегијата: односно одлуката дека американската национална безбедност бара промоција на демократијата низ муслиманскиот свет, ако е неопходно и со употреба на сила, се наведува во коментарот, објавен во весникот Њујорк тајмс во кој се констатира дека сето ова беше поддржано и од претседателот Барак Обама, иако за време на неговата изборна кампања ветуваше нешто друго.

„Се уште се бориме против терористички групи и напаѓаме со беспилотни летала. И тука вреди да се постави познатото прашање на Роналд Реган: Дали сега ни е подобро отколку пред 10 години?“

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Снимки кои не се забораваат 9/11



Позитивниот одговор е посилен ако се посматра контратероризмот, бидејќи станува јасно дека се уништени капацитетите на непријателите да изведат нешто слично како на 9/11.

Но, десетте години без поголем напад и смртта на Осама бин Ладен не треба да се сфатат како конечни. Соединетите Држави секогаш ќе бидат ранливи на терористички напади.
Десетте години без поголем напад и смртта на Осама бин Ладен не треба да се сфатат како конечни. Соединетите Држави секогаш ќе бидат ранливи на терористички напади.

На стратегиски план, крајно е тешко да се докажува дека американската геополитичка позиција е посилна од пред една декада. Некои од слабостите беа неизбежни: Американската доминантна позиција по Студената војна не можеше да трае вечно, а растот на ривалските сили е феномен што треба да се менаџира, а не да се отфрла.

Сепак сите обиди да се трансформира Муслиманскиот свет чинеа милијарди долари и илјадници животи. И што се доби? Ослободен Ирак кој е во сфера на влијание на Иран, Авгнистан во кој американските жртви се уште се големи и арапска пролет што се заканува да го опколи Израел со непријатели.

Но, по десет години конфликт, ние веќе не сме во територијата на краткорочноста. Во тој контекст, фактот што претседателот Обама не ги заплетка Соединетите Држави во интервенциите низ муслиманскиот свет не е доказ дека американската политика функционира. Тоа е знак дека тој не знае како да се извлече од таму, се заклучува во коментарот на Њујорк тајмс.