Она што беше започнато со Илинденското востание, вообличено со асномските одлуки, се заокружи на 8 Септември 1991 година, вели историчарот Чепреганов.
Какви беа околностите кога се донесуваше одлуката за воспоставување на независност на Македонија?
Несомнено дека условите не беа баш благонаклони кон Македонија имајќи предвид дека кон крајот на 20 век македонското прашање повторно се појави на историската сцена, некако исто како што беше некаде кон крајот на 19 век и повторно и по 100 години политичарите од Европа, ОН и САД беа вовлечени во изнаоѓањето на ова прашање, а од друга страна беа и соседите Грција, Бугарија и Србија кои што и при крајот на 90-тите години настојуваат да ги остварат своите интереси. Околностите во кои што се донесуваше резолуцијата, беа околности за кои што требаше и храброст и решеност, македонските политичари смогнаа сили и излегоа со
Референдумот беше едно од најдобрите решенија затоа што ако на референдум народот излезе и гласа за самостојна и независна Македонија, вие овде немате политичка одлука, туку одлука на народ. Значи самиот народ гласаше за самостојна и независна Македонија.
референдумското прашање за независност на Република Македонија. Македонија со тоа стана субјект во меѓународната политика. Она што беше започнато со Илинденското востание, вообличено со асномските одлуки, се заокружи на 8 Септември 1991 година што претставува еден долг повеќевековен пат исполнет со борби, неизвесности, крадења, поделби, многубројни жртви...
Како влијаеше присуството тогаш на ЈНА во земјата и состојбата во другите соседни земји, поранешни републики на Југославија?
1991 година беше година кога се уште не се знаеше каков ќе биде расплетот на состојбата во Југославија, сигурно дека присуството на ЈНА имаше психолошко влијание како врз народот така и врз политичката елита која што сепак мораше да изнаоѓа начини како да се извлече од она што се претчувствуваше дека ќе се случи на територијата на Југославија и сметам дека македонските политичари од тој период многу умно ја направија целата работа што не дозволија во Македонија да дојде до судири со ЈНА. Треба да се имаат во предвид и соседните држави кои што во тие моменти како да се вратија повторно во 19 век мислејќи дека повторно ќе можат да реализираат некои планови за големи држави.
Колку референдумот беше најдоброто решение?
Референдумот беше едно од најдобрите решенија затоа што ако на референдум народот излезе и гласа за самостојна и независна Македонија, вие овде немате политичка одлука, туку одлука на народ. Значи самиот народ гласаше за самостојна и независна Македонија.