„Коцките се фрлени“ е насловена 13-та самостојна изложба на слики и графики на македонската уметница Петра Јовановска што, од 5 до 17 септември, ќе се одржи во КИЦ во Скопје.
Вкупно 27 дела, слики работени во комбинирана техника и графики во линорез, создавани во периодот од 2007 до средината на оваа година, селектирани од неколку цилкуси, ќе и бидат претставени на ликовната публика на изложбата „Коцките се фрлени“ на Петра Јовановска, што од 5 до 17 септември, ќе се случува во салонот Империјал 2 на Културно информативниот центар во Скопје.
„Коцките се фрлени“ практично се послужив со една позната изрека дека нешто што е направено, речено, дека не може да се врати назад. Моите дела ги изложувам и очекувам реакција.“
Петра Јовановска е родена 1972 година во Јесеник, Република Чешка. На Факултетот за ликовна уметност, отсек графика, дипломирала во класата на професор Димче Николов во 1995 година, а ова ќе биде нејзино 13-то самостојно претставување.
„Се претставив со повеќе циклуси, со 14 графики изработени во техника линорез, сите се црно бели, а темата е апстрактна или елементи од лик, од женско тело“, вели уметницата.
Таа дополнува дека како автор и како човек е загрижена за начинот на кој денес живееме и дека тоа се рефлектира врз нејзиното творештво.
„И сакав да направам само некој мал спој меѓу естетиката, меѓу духовното, што во сегашно време многу недостасува и од друга страна брзиот живот, луѓето немаат време да се посветат на себе, на духовното, на ликовното, на културата.“
Јовановска досега се претставувала и во Полска, Република Чешка, Србија и во Хрватска, а за тамошните поставки и за своите идни проекти забележува.
„Последната изложба беше во Чешка, а претходно во Полска. Веќе имам договорено изложби следната година во Чешка и тоа во замокот каде што живеел и починал познатиот Казанова. Сега работам на нов циклус.“
Отворањето на изложбата ќе биде во 20 часот и 30 минути, а влезот во деновите на нејзиното времетраење е слободен.
„Коцките се фрлени“ практично се послужив со една позната изрека дека нешто што е направено, речено, дека неможе да се врати назад. Моите дела ги изложувам и очекувам реакција.
„Коцките се фрлени“ практично се послужив со една позната изрека дека нешто што е направено, речено, дека не може да се врати назад. Моите дела ги изложувам и очекувам реакција.“
Петра Јовановска е родена 1972 година во Јесеник, Република Чешка. На Факултетот за ликовна уметност, отсек графика, дипломирала во класата на професор Димче Николов во 1995 година, а ова ќе биде нејзино 13-то самостојно претставување.
„Се претставив со повеќе циклуси, со 14 графики изработени во техника линорез, сите се црно бели, а темата е апстрактна или елементи од лик, од женско тело“, вели уметницата.
Таа дополнува дека како автор и како човек е загрижена за начинот на кој денес живееме и дека тоа се рефлектира врз нејзиното творештво.
„И сакав да направам само некој мал спој меѓу естетиката, меѓу духовното, што во сегашно време многу недостасува и од друга страна брзиот живот, луѓето немаат време да се посветат на себе, на духовното, на ликовното, на културата.“
И сакав да направам само некој мал спој меѓу естетиката, меѓу духовното, што во сегашно време многу недостасува и од друга страна брзиот живот.