Претстојната прослава на денот на независноста, отсуството на меѓународни претставници на прославата, слободата на медиумите - дел од темите во неделниците.
Една бабичка со валкани раце со ликот на премиерот Груевски и текст: „Преродените во мачо филм - критики не трпат, со судови се закануваат и се гордеат што станале бедни тужибаби“ - ова е насловната на најновиот број на Фокус, а темата се развива внатре, каде што авторката на текстот продолжува: Еуфоријата на Груевци од предизборието, да се закануваат со тужби за таканаречен вербален деликт, што потоа се дел од графата „Остваруваме“ сега продолжува во законодавниот дом, добивајќи апсурдни димензии. Десетината тужби што ги доби Љубе Бошкоски од првите луѓе на власта и најавите за повеќе други за луѓе од опозицијата, ја провоцираат авторката да забележи дека наспроти сериозните пораки од надвор дека власта ја загрозува слободата на медиумите, од таборот на преродбениците се поагилно се вергла една опасна теза дека всушност овде станува збор за злоупотреба на слободата на говорот! А тужбите за навреда и клевета го третираат како ептен машки потег. Заслужуваат, пишува Фокус, медалји за храброст со кои, заедно со пресуда од божем независното судство в џеб ќе се перчат низ новото Скопје, минувајќи триумфално под Триумфалната порта.
На прославата на 8 Септември, прогласена за космополитска, но без ниту еден странски гостин се осврнува и авторот на уводникот во овој неделник, кој смета дека неприсуството на странски гости е резултат на крахот на меѓународната позиција на Груевски. Таа тажна вистина не можат да ја скријат уште милион телевизиски кампањи за неговите божемни успеси, поентира Фокус.
И колумната „Офаманаман“ во Глобус ја допира претстојната прослава на Денот на независноста, за која смета дека ќе биде парада на пијанството и кичот, како од стиховите на познатата песна на Балашевиќ, и дека целата таа парада ќе биде невидено разградување на единствениот триумф што во историјата го имаат направено групата на Македонците и нивните братски народи: триумфот во антифашистичката епопеја. Од урнатитните на државата направена во таа епопеја денеска се гради триумфалната порта на поразите, пишува авторот цитирајќи го еден странски политичар од соседството дека патриотизмот е најголемо можно понижување.
И во колумната „Од дистанца“, Глобус се занимава со појавата на невидена рамнодушност, поточно, во време кога власта го достигна зенитот на моќта Македонија заличува на политички мртво море, кога откриваме дека постоело нешто полошо и од апатијата. Влеговме во фаза, смета авторот, кога режимот станува нормалност, кога луѓето наоѓаат оправдување за неоправдливоста. Дали по оваа победа на ВМРО-ДПМНЕ кога власта се чувствува помоќна од кога било, Македонецот ќе успее да се ресетира или можеби сме осудени да ја трпиме ова власт се' до нејзиниот слом, кога таа ќе стане неподнослива и омразена и кога ќе чукне на секоја врата и ќе ја допре секоја индивидуа? - завршува со прашање Глобус.