Трите авиони - канадери на Дирекцијата за заштита и спасување, помогнаа во спречување на ширењето на овогодинешните пожари.
Ако не беа трите авиони ер-трактори или во народот познати како канадери на Дирекцијата за заштита и спасување дел од пожарите кои избувнаа летово во земјава можно беше да излезат од контрола и да биде потребна меѓународна помош за нивно гаснење, вели директорот на дирекцијата Шабан Салиу. Сепак, во услови на пожар кога секоја минута изгледа долга како час, населнието често реагира дека авионите доцнат. Салиу вели дека по примениот повик за помош до теренската акција изминуваат во просек час и половина.
„Има еден дел каде пилотите се повикуваат меѓу себе. Тие живеат главно во Скопје и во останатите градови. Се упатуваат до Аеродром за што се потребни околу половина час. Кога доаѓаат таму потребно е да се запалат авионите, да се исконтролираат воздухот, маслото, горивото. Во просек потребно е час до час и 20 минути дури да почнат да гаснат“, вели Салиу.
Иако пожарите се итна работа и не трпат чекање, постои претходна процедура за да се вклучат ер-тракторите. На терен во случај на пожар прво пристапуваат пожарникари и вработени од Македонски шуми. Ако не успеат да изгаснат се вклучува локалната самоуправа. Доколку огнот не го стават под контрола се бара да се вклучат канадерите и тоа со писмено барање.
„Имаме максимално професионално авио одделение. Пилоти со искуство кои работеле на воени авиони МИГ 25, со големо искуство, положени стручни испити. Нема фрлање на вода само за да се исфрли, туку професионално во вид на водна бомба и видна завеса. Точно и прецизно до целта“, додава Салиу.
Во гаснењето често се вклучуваат и хеликоптери на АРМ кои се многу прецизни и можат да слезат пониско до запалениот терен. Авио интервенцијата многу помага во гаснењето, но завршната битка се спроведува на терен со човечки сили.
„Тимовите за брз одговор и останатите субјекти за гаснење пожари одат чекор по чекор, квадрат по квадрат, со противпожарна опрема и шумски метли, три метри долги, секое жарче, секој потенцијален извор на пожар да го изгаснат лично. Од авион може до одредена мера да се гасне, потоа човекот треба да ја заврши работата на терен“, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.
Имаме максимално професионално авио одделение. Пилоти со искуство кои работеле на воени авиони МИГ 25, со големо искуство, положени стручни испити. Нема фрлање на вода само за да се исфрли, туку професионално во вид на водна бомба и видна завеса. Точно и прецизно до целта.