Независноста ќе се слави цел септември

Централната прослава на независноста ќе се одржи на 8-ми септември, а прв пат ќе биде приредена и воена парада.
Централната прослава на 20-годишнината од независноста на Македонија ќе биде одржана пред новиот споменик на Александар Македонски на 8 септември, а прв пат ќе биде приредена и воена парада. Свеченоста, како што вели министерката за култура Елизбета Канческа-Милевска, ќе почне пред зградата на Парламентот каде ќе биде предадена Декларацијата за незавиноста од страна на гардата.
Министерството за култура засега не соопштува колку ќе чини прославата на 20-годишнината од независноста, а според зборовите на Канческа-Милевска, уметниците не побарале надомест за своето учество.

„Сите оние коишто се вклучија, се вклучија со голема енергија, без никакви финансиски средства. Во однос на целокупната програма, сите се вклучени без ниту едно прашање како она што го прашувате – колку средства се потрошени итн.“

Според програмата на 40-метарска сцена на плоштадот ќе има музички спектакл наречен „Македоуниум“ со над 300 уметници како и хепенинг на кој ќе се појават околу 90 пејачи или бендови од забавната и народната музика, кои ја одбележале музичката историја во изминатите 20 години.
Министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска
x
Министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска

Според изјавите на организаторите на манифестацијата, сите би требало да ги надминат поделбите со оглед дека, како што велат, одбележувањето на независноста ќе има космополитски карактер. Државните манифестации кај нас често се политички концепирани. Канческа-Милевска вели дека им е упатена покана на гости од политичкиот, културниот и општествениот живот.

Претходно во медиумите се спомнуваше и доаѓање на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган на отварањето на аеродромот Алексанадар Велики. Но според организаторите, гостите ќе бидат од земјава а покана им е упатена на околу 2 илјади личности.

„Одлуката беше да се поканат само домашни личности, значи граѓани на Република Македонија, личности од политичкиот, културниот, и од општествениот живот, личности кои во изминатиот период дале свој придонес за независна Македонија.“

Тие треба да дојдат да се дружат со граѓаните за кои владата од 83 општини организира бесплатен автобуски превоз до Скопје. Главниот дел од прославата ќе биде во знакот на Александар Македонски, односно на плоштадот „Македонија“, каде што е поставен неговиот споменик и уште десетина споменици на личности од македонската историја. Премиерот Никола Груевски треба да ја отвори фонтаната под споменикот по што ќе одржи говор. Еден ден пред манифестација е планирана прослава на аеродромот Алексанадар Велики во Скопје каде што ќе биде пуштена во употреба новата аеродромска зграда. Според предвиденото, се очекува цел септември да биде во знакот на прослави.

20 години независнот - успеси и промашувања

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

20 години независност - успеси и промашувања