Желби за европска иднина и најави на нови споменици. Ова беа дел од пораките од илинденските говори на претставниците на власта.
Претседателот Ѓорге Иванов, во илинденскиот говор што го одржа пред споменикот на Претседателот на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто на скопскиот плоштад, рече дека со своето големо дело, Илинденците нè обврзуваат да ја градиме Македонија како развиена, напредна и демократска држава. Да ги браниме интересите на македонските граѓани, независноста, мирот и стабилноста за доброто на сите, вели претседателот Иванов.
„Како што Илинденците од 1903 и борците од 1941 до 1945 година, низ сплотеност и обединување, се бореа и изборија за самостојна, независна и суверена македонска држава, така на нас е, низ сплотеност, да го оствариме сонот на македонските граѓани за демократска, европска и евроатлантска Република Македонија.“
Очекувања за европска иднина изрази и претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, кој се обрати на народниот собир на Мечкин Камен во Крушево.
„Ако на почетокот на 20 век беше да се избориме за место под сонцето, денес, во мугрите на 21 век, предизвик е да прераснеме во стабилна и просперитетна земја која на своите граѓани им отвара можности и им нуди нови перспективи. Тоа е битката на нашата генерација од која не смееме да се повлечеме дури ни тогаш кога е најтешко, бидејќи по ноќта секогаш доаѓа зората!“
Премиерот Никола Груевски, откако во центарот на Скопје постави камен темелник за изградба на катна гаража одржа илинденски говор пред меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце. Тој порача дека Македонија останува посветена на реформи и модернизација на патот кон ЕУ и НАТО. На тој пат не попречуваат „сеништата од минатото се уште присутни во мислите на некои политичари што не можат да ја прифатат реалноста“, дека постои независна држава Република Македонија и македонски народ, јазик и нација.
„Ниту една закана, уцена, блокада или направена штета, не може да ја промени таа политичка и цивилизациска реалност. Колку повеќе некој те негира, толку повеќе ти го развива чувството за сопствениот идентитет, ти ја зацврстува волјата за независност и самоидентификација и правејќи ти штета си прави и самиот на себе штета. Тоа е природно правило. Достоевски, во Браќата Карамазови, вели „истерај ја природата низ врата, таа ќе ти влезе низ прозорец“. Се надевам дека нашиот сосед ќе го разбере ова“, рече Груевски.
Тој го искористи обраќањето и за да најави нови споменици во центарот на Скопје.
„Во 2012 година, наспроти македонскиот Парламент во Скопје, целосно финансиран од владата, ќе биде поставен споменик со ликовите на членовите на Президиумот на АСНОМ во чест и почит и сеќавање, исто како што беше поставен и споменикот на Методија Андонов Ченто на централниот плоштад Македонија во Скопје. Владата во тој правец поднесе предлог до општината Карпош за изградба на споменик на херојот Кузман Јосифовски Питу. Но, исто така, наскоро, на 8 Септември, ќе биде отворен Музејот на македонската борба во чиј склоп е и Музејот на жртвите од комунизмот.“
Денеска се одбележуваат 108 години од создавањето на Крушевската република, првата република на Балканот, и 67 години од создавањето на првата македонска држава.
Да го оствариме сонот на македонските граѓани за демократска, европска и евроатлантска Република Македонија.
Претседателот Ѓорге Иванов, во илинденскиот говор што го одржа пред споменикот на Претседателот на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто на скопскиот плоштад, рече дека со своето големо дело, Илинденците нè обврзуваат да ја градиме Македонија како развиена, напредна и демократска држава. Да ги браниме интересите на македонските граѓани, независноста, мирот и стабилноста за доброто на сите, вели претседателот Иванов.
„Како што Илинденците од 1903 и борците од 1941 до 1945 година, низ сплотеност и обединување, се бореа и изборија за самостојна, независна и суверена македонска држава, така на нас е, низ сплотеност, да го оствариме сонот на македонските граѓани за демократска, европска и евроатлантска Република Македонија.“
Очекувања за европска иднина изрази и претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, кој се обрати на народниот собир на Мечкин Камен во Крушево.
Во мугрите на 21 век, предизвик е да прераснеме во стабилна и просперитетна земја која на своите граѓани им отвара можности и им нуди нови перспективи.
„Ако на почетокот на 20 век беше да се избориме за место под сонцето, денес, во мугрите на 21 век, предизвик е да прераснеме во стабилна и просперитетна земја која на своите граѓани им отвара можности и им нуди нови перспективи. Тоа е битката на нашата генерација од која не смееме да се повлечеме дури ни тогаш кога е најтешко, бидејќи по ноќта секогаш доаѓа зората!“
Премиерот Никола Груевски, откако во центарот на Скопје постави камен темелник за изградба на катна гаража одржа илинденски говор пред меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце. Тој порача дека Македонија останува посветена на реформи и модернизација на патот кон ЕУ и НАТО. На тој пат не попречуваат „сеништата од минатото се уште присутни во мислите на некои политичари што не можат да ја прифатат реалноста“, дека постои независна држава Република Македонија и македонски народ, јазик и нација.
„Ниту една закана, уцена, блокада или направена штета, не може да ја промени таа политичка и цивилизациска реалност. Колку повеќе некој те негира, толку повеќе ти го развива чувството за сопствениот идентитет, ти ја зацврстува волјата за независност и самоидентификација и правејќи ти штета си прави и самиот на себе штета. Тоа е природно правило. Достоевски, во Браќата Карамазови, вели „истерај ја природата низ врата, таа ќе ти влезе низ прозорец“. Се надевам дека нашиот сосед ќе го разбере ова“, рече Груевски.
Тој го искористи обраќањето и за да најави нови споменици во центарот на Скопје.
Колку повеќе некој те негира, толку повеќе ти го развива чувството за сопствениот идентитет.[...] Се надевам дека нашиот сосед ќе го разбере ова.