Опозицијата обвинува дека владата ги замолчува медиумите. Власта одговара - опозицијата брани криминалец.
Иако не очекуваат некаква промена или конкретен заклучок кој ќе ја подобри состојбата во македонските медиуми, опозицијата реши да не молчи. Со предлог за собраниска расправа околу состојбата во медиумите, медиумскиот простор и новинарството опозициските партии се обидуваат да се спротистават на како што велат обидот на власта да ги замолчи сите кои размислуваат поинаку од неа.
„Освен тоа што ќе се обидиме со нашите аргументи да изнесеме што се во Македонија се случува, мислам дека генерално нема да можеме да смениме бидејќи власта апсолутно на секој начин покажа дека не сака да има слобода на медиумите во Македонија“, изјави Горан Сугаревски, пратеник на Социјалдемократскиот Сојуз.
И Соња Мираковска од Новата социјалдемократска партија вели дека опозицијата мора да ја продолжи својата борба за слободното новинарство. Оваа тема не смее да остане затворена, вели Мираковска.
„Овие денови спомнуваат дека на интернет може да бидете информирани и дека дозволиле на интернет над 70% од граѓаните да бидат вклучени, сметам дека тоа ќе биде следното место каде што ќе се обидат да се пресметаат или ќе се обидат да стават брани и тука да не стигнуваат информации до граѓаните.“
За владејачката ВМРО-ДПМНЕ, овие обвинувања на опозицијата не држат. Александар Николоски од оваа партија вели дека Македонија е демократска земја која нуди слободен пазар во создавањето и начинот на функционирање на медиумите.
„Барањето на СДСМ за точка на дневен ред е мотивирано од единствено една причина, а тоа е заштита на криминалот кој што го вршеше сопственикот на А1 Телевизија за што веќе има судски процес и ова практично претставува злоупотреба на собраниската сала и собраниската говорница за заштита на криминалот на само еден човек.“
Неколкудневната собраниска расправа за изборот на членови во Советот за радиодифузија помина во знакот на обвинувања од страна на опозицијата дека власта се обидува да го партизира ова тело. И покрај бројните забелешки и од други меѓународни институции да се преиспита менувањето на Законот за радиодифузија, власта остана доследна на својата одлука. Ваквиот однос според политикологот Здравко Савески е недемократски и е обид за целосна контрола врз медиумскиот простор.
„Нашата влада учи на искуството на земји кои имаат негативни примери, на пример конкретно со Советот за радиодифузија, Унгарија има сличен удар од европската јавност за обид за задушување на слободата на изразување преку влијание врз Советот за радиодифузија.“
Затворањето на А1 телевизија и неколку печатени медиуми во земјава, го свртеа вниманието и на меѓународната јавност. Во неколку наврати досега, Македонија доби критики за загриженост околу состојбата во медиумите од претставници на меѓународната заедница.
Овие денови спомнуваат дека на интернет може да бидете информирани и дека дозволиле на интернет над 70% од граѓаните да бидат вклучени, сметам дека тоа ќе биде следното место каде што ќе се обидат да се пресметаат.
„Освен тоа што ќе се обидиме со нашите аргументи да изнесеме што се во Македонија се случува, мислам дека генерално нема да можеме да смениме бидејќи власта апсолутно на секој начин покажа дека не сака да има слобода на медиумите во Македонија“, изјави Горан Сугаревски, пратеник на Социјалдемократскиот Сојуз.
И Соња Мираковска од Новата социјалдемократска партија вели дека опозицијата мора да ја продолжи својата борба за слободното новинарство. Оваа тема не смее да остане затворена, вели Мираковска.
„Овие денови спомнуваат дека на интернет може да бидете информирани и дека дозволиле на интернет над 70% од граѓаните да бидат вклучени, сметам дека тоа ќе биде следното место каде што ќе се обидат да се пресметаат или ќе се обидат да стават брани и тука да не стигнуваат информации до граѓаните.“
За владејачката ВМРО-ДПМНЕ, овие обвинувања на опозицијата не држат. Александар Николоски од оваа партија вели дека Македонија е демократска земја која нуди слободен пазар во создавањето и начинот на функционирање на медиумите.
„Барањето на СДСМ за точка на дневен ред е мотивирано од единствено една причина, а тоа е заштита на криминалот кој што го вршеше сопственикот на А1 Телевизија за што веќе има судски процес и ова практично претставува злоупотреба на собраниската сала и собраниската говорница за заштита на криминалот на само еден човек.“
Барањето на СДСМ за точка на дневен ред е мотивирано од единствено една причина, а тоа е заштита на криминалот кој што го вршеше сопственикот на А1 Телевизија.