Семејството Атанасоски од Тетово со собирање лековити билки почнале пред дваесетина години, прво како сопствен бизнис, а сега само како хоби.
Некогаш сопствен бизнис, а денес хоби. Собирањето лековити билки, семејството Атанасоски го има започнато пред повеќе од дваесетина години кога основале свој бизнис бидејќи Илина, домаќинката во семејството, во тоа време била невработена. За вредноста на билките дознавале преку стручната литература за која сопругот Војно Атанасоски трошел и по неколку плати. Велат дека за секоја болка има билка. Ги берат речиси преку целата година, сега веќе само за свои потреби. Билкарството за Војно Атанасоски е вистинска пасија.
„Собирање во однос на времето. Во март на пример почнуваме од најраните денови, само што ќе огрее сонце ќе се видат жолти цветови и така до декември, ако на пример употребуваме имела, тоа е полупаразит растение. Важно преку цела година се берат не само цветови, туку и лист, а и корен се бере.“
Од март до почетокот на декември е периодот кога Атанасоски се најаактивни, во овој период тие ги собираат чаевите кои ги користат преку целата година. Атансовски упатуваат апел до сите љубители на лековитите билки да внимаваат како ги собираат се со цел подолго да останат и за потребите на идните генерации. За пример го наведува собирањето на планинскиот чај кој го има на Солунска Глава, Маврово а најмногу на Љуботен.
„Кога го собираат да собираат во времето на цветање и да не го корнат, туку со ножички да го берат, бидејќи ако се уништи така собирајќи го повторно ќе нема, а за да се заштити треба во време на берба да биде во цветна фаза.“
Досега оваа брачна двојка од тетовско ги имаат собрано вранлива трева, липа, ајдучка трева, црвен кантарион, бел и црвен слез. Според Атанасоски, секоја билка си има своја вредност, некои се толку лековити што можат да помогнат и за повеќе болести, како што е на пример ајдучката трева.
Собирање во однос на времето. Во март на пример почнуваме од најраните денови, само што ќе огрее сонце ќе се видат жолти цветови и така до декември, ако на пример употребуваме имела, тоа е полупаразит растение. Важно преку цела година се берат не само цветови, туку и лист, а и корен се бере.