Живот во Пласница, даноци во Македонски Брод

Пласница

Општина Пласница нема сопствени средства. Околу 6.500 жители, живеат во оваа општина, но даноци плаќаат во соседната, Македонски Брод.
Пласница е единствена општина во државата, во која дел од сегашните 6.500 жители живеат тука, а даноците ги плаќаат во соседната општина
Ваква општина нема никаде во светот, нема ни во Зимбабве.
Македонски Брод. Како што вели градоначалникот, Исмаил Јаоски, оваа
неправда е последица на лошата територијална поделба на општините, што пак од друга страна ја празни општинската каса. Јаоски бара државата да преземе мерки да се реши овој проблем.

„Ова е територија на Македонски Брод, и самата општинска зграда е на територија на Македонски Брод за жал. И јас кај што живеам и други 500 жители околу мене се на територија на Македонски Брод. Но, за жал нема никакви приходи. Единствена општина мислам дека е не само во Република Македонија, туку и пошироко. Ваква општина нема никаде во светот, нема ни во Зимбабве со 99% невработеност, 99% жители се занимаваат со земјоделство, а нивите се на територија, пак, на Македонски Брод“, изјави Јаоски.

Исмаил Јаоски, градоначалник на општина Пласница

Градоначалникот реагира и затоа што сметката на општината е блокирана подолг период. Вкупните долгови се 17, а годишно од државата Општината добива 4 милиони евра, кои се доволни само за исплата на плати на вработените. Вели реагирал до сите владини институции за помош, но без успех.

„Ни се исклучени внатре и телефоните и интернет и се што ни треба за
Ова е територија на Македонски Брод, и самата општинска зграда е на територија на Македонски Брод за жал. И јас кај што живеам и други 500 жители околу мене се на територија на Македонски Брод. Но, за жал нема никакви приходи. Единствена општина мислам дека е не само во Република Македонија, туку и пошироко.
работа, имаме писмо од ЕВН дека ќе ја исклучат и струјата. Доколку тоа се случи да ја исклучат и струјата, ќе бидеме единствена Општина која прва ќе појде во стечај, ќе мора да ја затвориме.“

И жителите се чувствуваат дискриминирани. Велат ниту се преземаат мерки да се решат комуналните проблеми, ниту пак се создаваат услови за свежи инвестиции и нови вработувања од општина Пласница.

„Ако мислат дека оваа држава е само на Албанците и Македонците, тогаш нас Турците нека не отселат некаде“, се жали Менсу Бег.

Незадоволни се и Иса Далипоски, Адем Бејзароски и Алија Јаоски. Сите бараат итна помош од државата за да спас на општината.


„Има големо иселување, некаде околу 60% жители се заминати во странство поради невработеноста. Пласница нема можност за вработување, една фирма има со 30 вработувања, другите жители се земјоделци.“

„Па некој заминува во странство, некој живее од социјална помош, приватно ако успее да најде работа малку, инаку нема каде да се оди.“

„Друго патиштата се проблем, реки неисчистени, вода немаме уште како што треба, има многу работи што треба да се средат“, реагираат жителите.

Но, иако локалната самоуправа е со блокирана сметка, градоначаникот Јаоски успеал делумно со пари од Агенцијата за развој на неразвиените општини, делумно со донации да го изгради плоштадот во Пласница, а жителите се презадоволни од оваа активност.