Околу 300 семејства имаат пријавено штети од невремето што неодамна го зафати Прилеп.
Семејството на прилепчанецот Јордан Гуцески се соочува со големи проблеми по последното невреме што го зафати Прилеп. Дворот и визбата во која што чувале голем дел од покуќнината, апарати за
домаќинството, намештај, им е уништено. Велат дека едвај спасиле жива глава од силата на водената стихија, но сега не може да воведат ред во куќата, да го вратат животот како пред тоа.
„Фрижидерот ни се расипа, каучи три имаше ни се расипаа, шифоњерот имаше, теписи... сето се поплави, се се направи фиран... јас, ме турна водата, среќа имаше количка од оние со колца, се фатив за нејзе некако и едната рака за циментото, едната за количка се држев, се препречи количката на вратата, инаку ќе ме удавеше водата. Викав по девојчето: тато, тато..ајде, таа ме влечкаше некако, се спасив“,вели Гуцески.
Целата куќа сега е уништена, ѕидовите се полни со влага и талог од нечистотијата што од ридот кај прилепско Селце ја донел поројниот дожд кој што се влечел со себе. Екипа на Комисијата за елементарни непогоди веќе следниот ден ги посетила, за да изврши увид и да се утврди штетите, но како што велат Гуцески не може да им се надополнат штетите, зашто во куќата го вложиле целиот живот. Тие сега стравуваат од ново невреме. Потпорниот ѕид наспроти нивната порта е срушен, а тврдат дека цевката за атмосферската канализација е со мал дијаметар за да ги прифати количествата вода кои се собираат тука, создавајќи мал базен.
„Редовно одиме во одбор да се направи улицата. Нема пари, нема пари, велат. Како нема пари да се направи, онака, еве го ѕидов пред нас, кога и да е овој ќе падне, ќе се сруши, никој не води сметка“,се жали и неговиот сосед Гоце Ѓорѓиоски, кој исто така претрпел големи штети во невремето.
„На секој пороен дожд мене ми е страв од дома да излезам, треба да бидам дома, да затворам порта, да барам некое чаре да не биде катастрофа. Надлежните нека решаваат побргу, зашто поројните дождови ни се најавуваат од ден во ден, да не е овој ѕидов си велам дека ќе се реши проблемот, можеби ќе дотече вода, ама нема да биде катастрофално,бидејќи овде е еден вид корито, се собира целата вода,едноставно нема каде да истекува“, реагира Ѓоргоски.
Од Комисијата за елементарни непогоди, информираат дека во тек е санацијата на сите штети по улиците низ градот, а се преземаат мерки и за трајно решавање на комуналните проблеми.
„Во однос на штетите кои настанаа, оштетување на улици, оштетувања на потпорни ѕидови, затнување на канализации состојбата се нормализира, канализационата мрежа веќе се нормализира. Почнуваме со санација на улиците каде што има оштетувања: „Вера Циривири„, потпорниот ѕид на „Мечкин Камен„ за да се нормализира состојбата и да има непречен тек во сообраќајот“,вели Мишко Ристески, претседател на општинската Комисија.
Откако екипите на теренот ќе завршат со увидот и процената на штетата што ја пријавија вкупно 300 семејства, ќе биде изработен елаборат кој што заедно со извештајот ќе биде изгласан на вонредна општинска седница. А, потоа итно ќе биде испратен во Владата за да се интензивира постапката за исплата на оштетата.
Фрижидерот ни се расипа, каучи три имаше ни се расипаа, шифоњерот имаше, теписи... сето се поплави, се се направи фиран...

Во однос на штетите кои настанаа, оштетување на улици, оштетувања на потпорни ѕидови, затнување на канализации состојбата се нормализира, канализационата мрежа веќе се нормализира.