Ликовна колонија „Куманово 2011“

Уметниците творат во рамки на ликовната колонија

Во селото Пелинце се одржува 35-та Меѓународна ликовна колонија „Куманово 2011“.
Творечкиот порив уметниците си го носат во себе, но амбиентот како што е во меморијалниот и рекреативниот центар во селото Пелинце, во непосредна близина на реката Пчиња е прекрасен за создавање, велат академските сликари од Македонија, Бугарија, Србија и од Шведска. Тие десетина денови учествуваат на 35-та Меѓународна ликовна колонија Куманово 2011. Некои од нив се по втор или третпат и како што велат, нема да им биде монотоно ниту ако дојдат и идната година.

Академскиот сликар Александар Прибичевиќ од Белград, Србија, вторпат е учесник на оваа колонија која според него е една од ретките на која се негува и пријателство меѓу сликарите.
Се чувствувам прекрасно. Овдека е многу пријатно, чудесно е за работа, ерудира голема енергија.

„Прво, инспиративно е и тоа што доаѓам повторно меѓу пријатели. Второ, воопшто природата што го опкружува Куманово, Пелинце и нивниот историски момент, близината, топлината, се е измешано. Јас се занимавам со еден вид симболика низ прикази на старите народни верувања, кои се наоѓаат во нашите села и старите обичаи,со современ пристап.“

Прибичевиќ додава дека можеби на неговите слики создадени во живописната природа во Пелинце, нема да се најде нешто конкретно, но ќе се најде нешто од некое далечно минато од митологијата на словенството,која нашите предци ја донеле на оваа територија.


„Со времето сме ја заборавиле прифаќајки разновидни други обичаи,новини почнувајки од религијата. Почвата е богата, ние можеби уште не сме свесни за тоа, но тоа е што нашите предци го вградиле, оставиле преку нивната енергија, крвта и потта“, вели Прибавчевиќ.

Младата сликарка Валентина Илиевска од Куманово вели дека во овој прекрасен амбиент и до сега творела, меѓутоа во рамките на колонијата:

„Сега со уметниците првпат и прекрасно е.“
Етаблирана колонија,трета по ред на основање на колониите во Македонија, 35-та по ред, а годинава имаме сликари од Бугарија, Србија, Македонија, Шведска. Значењето на колонијата се проектира и преку учеството на врвните сликарски имиња.

Скулпторот Иван Тотев од Пловдив, Бугарија, вели дека е првпат воопшто во Македонија и прекрасно се чувствува. Во рекреативниот комплекс тој ќе остави скулптура која како што вели ќе биде импровизација на волчица, слична на римската со Ромул и Рем.

„Се чувствувам прекрасно. Овдека е многу пријатно, чудесно е за работа, ерудира голема енергија“, вели Тотев.

Неговиот колега и сонародник Румен Жеков третпат е на колонијата и како што додава и идната година би учествувал, доколку има можност.

„Многу ми се допаѓа овдека. Организацијата и составот на учесниците се добри, сликарите се однесуваат така што на сите заедно ни е пријатно. Јас работам апстракции и творечкото е во мене. Но, поинаку се чувствуваш кога си на убаво место, а мирот во немирот е многу важен, амбиентот е исклучителен“, вели Жеков.


Раскошната живописна природа, шумолењето на реката Пчиња и континуираното оркестрирање на птиците, на само 30-ина километри од Куманово, Пелинце во Козјачко-пчињскиот регион, е најавтентичното место за одржување на кумановската ликовна колонија.

По промената на општествено-политичките прилики од Прохор Пчињски, преку Матејче и Куманово, Перо Величковски, кустос во Галеријата во Куманово, вели дека петта година како оваа културна манифестација е вратена на своите извори, каде што била и основана во далечните 70-ти години од минатиот век.

„Етаблирана колонија,трета по ред на основање на колониите во Македонија, 35-та по ред, а годинава имаме сликари од Бугарија,Србија,Македонија, Шведска. Значењето на колонијата се проектира и преку учеството на врвните сликарски имиња, Нове Франговски, Александар Прибичевиќ, Румен Жеков, Иван Тотев скулптор, една една помлада генерација од трите земји е добар спој на сликари.“

Колонијата е организирана во соработка на Музејот и локалната самоуправа на Куманово, а секоја година по една скулптура ќе биде поместена во локалитетот за неговото збогатување. До сега има поместено повеќе скулптури како Исидора Данкан и Есенин од Томе Бундевски, скулптури од дрво, „девојка со роза“ од брачна двојка од Аргентина. А сите дела од ова издание љубителите на уметноста ќе можат да ги видат во изложбениот салон на Галеријата во Куманово, како и во другите градови во државава.