Во текот на викендот во Античкиот театар во Охрид, ќе се одржи 10-тото јубилејно издание на етно фестивалот Балкански музички плоштад.
Во традиционалниот термин, првата половина од август, на средината од охридската туристичка и културна летна сезона, петок и сабота во Античкиот театар во Охрид ќе се случи 10-тото јубилејно издание на етно фестивалот Балкански музички плоштад-Балкан сквер фестивал. Отворањето е со групата „Бесидос“ од близината Франкфурт, како прв
бенд од Германија кој доаѓа на фестивалот,чии членови потекнуваат од различни краеви на Европа, деца на емигранти од Турција, Шпанија и Италија, кои во гените носат балканска и ромска крв, со интерес за балканскиот фолклор и интересна музичка понуда со различни примеси.
Посебна атракција на првата фестивалска вечер е групата „Имам Баелди“ од Атина Грција, која продолжувајќи ја традицијата на гостување на Грците на Балкан сквер, продуцира музика што го симболизира името на популарното турско-грчко јадење, што го носи групата, како одраз на сличностите во менталитетот и културата на овие простори, примамливо за публиката.
„’Имам баелди‘ е јадење составено од неколку различни зеленчуци и многу ароми, вкусови и зачини во него, така што музиката што оваа група ја создава е всушност микс на грчкото ребетико, грчкото бузуки со нови ритмови, со хип-хоп музиката и електронската музика, тие имаат и ди џеј со нив на сцена, тоа е група која во последните години имаше над 150 интернационални настапи, надвор од Грција, и стануваат се популари во светот на т.н. ’ворлд мјузик‘“, вели Иво Јанковски од продуцентската куќа Трето уво, директор, што заедно со повеќе спонзори го организира фестивалот.
Влезот е слободен.
Во сабота, ќе настапат познатиот и многу успешен, еден од најнадежните гитаристички виртуози во овој дел од Европа, охриѓанецот Дамјан Пејчиноски, кој има меѓународна кариера и звездата на фестивалот познатата поп пејачка Елена Ристевска, што ќе настапи со специјално аранжирана програма во поинаков стил од досегашниот.
„Концертот е во придружба на тамбурашкиот оркестар Ѓезме од Куманово. За таа вечер Елена подготви една сосема различна програма од онаа со која сме навикнале да ја гледаме. Поголемиот дел од вечерта ќе биде посветен на Македонските народни песни, кои Елена ги носи во своите гени, поради тоа што мајка и била пејачка на народни песни, таа во детството има почнато на сцена како член на КУД Кочо Рацин, и затоа
што и како играорка и пејачка на народни песни била многу успешна. Но, со нејзината појава во М2 продукција во 2003 година, ние и го сменивме имиџот и стилот и таа стана поп звезда. Оваа бечер, Елена покрај народните песни, ќе изведе и десеттина најголеми хитови од својот репертоар“, вели Јанковски.
Според него, Балканскиот музички плоштад е водечки етно фестивал во Јужна Европа, на кој во изминатата деценија настапиле 50-тина групи од светот, со повеќе од 60 илјади посетители, кој праќа посебна порака актуелна во време кога балканските држави се уште имаат политички конфликти и спорови.
„Ако можат сите тие политичари кои го контролираат Балканот со своите политички влијанија и одлуки, да се угледаат на „Балкан Мјузик сквер“ фестивалот, е тоа дека Балканот е разединет по различни основи, но мојата мисија и идеа е дека во тие две фестивалски вечери, се обидувам да направам еден културен мост и сите тие недоразбирања и различности, да ги споиме и преточиме во една креативна културна енергија, која преку музиката треба да не развесели и расположи и да не направи барем тие две ноќи да заборавиме на сите грижи, недоразбирања и евентуални агресивни испади, какви што сме ги имале и какви што постојат на Балканот и ден денес. Мојата идеа е дека сепак можеме да живееме зближани и збратимени во љубов и хармонија, како што всушност Охридскиот фестивал десет години го покажува тоа.“
Јанковски најавува дека фестивалот ќе продолжи и натаму, но можно е тој да има патувачки карактер, дислоцирајќи се од Охрид во други места во Македонија.
„Имам баелди“ е јадење составено од неколку различни зеленчуци и многу ароми, вкусови и зачини во него, така што музиката што оваа група ја создава е всушност микс на грчкото ребетико, грчкото бузуки со нови ритмови.
бенд од Германија кој доаѓа на фестивалот,чии членови потекнуваат од различни краеви на Европа, деца на емигранти од Турција, Шпанија и Италија, кои во гените носат балканска и ромска крв, со интерес за балканскиот фолклор и интересна музичка понуда со различни примеси.
Посебна атракција на првата фестивалска вечер е групата „Имам Баелди“ од Атина Грција, која продолжувајќи ја традицијата на гостување на Грците на Балкан сквер, продуцира музика што го симболизира името на популарното турско-грчко јадење, што го носи групата, како одраз на сличностите во менталитетот и културата на овие простори, примамливо за публиката.
„’Имам баелди‘ е јадење составено од неколку различни зеленчуци и многу ароми, вкусови и зачини во него, така што музиката што оваа група ја создава е всушност микс на грчкото ребетико, грчкото бузуки со нови ритмови, со хип-хоп музиката и електронската музика, тие имаат и ди џеј со нив на сцена, тоа е група која во последните години имаше над 150 интернационални настапи, надвор од Грција, и стануваат се популари во светот на т.н. ’ворлд мјузик‘“, вели Иво Јанковски од продуцентската куќа Трето уво, директор, што заедно со повеќе спонзори го организира фестивалот.
Влезот е слободен.
Во сабота, ќе настапат познатиот и многу успешен, еден од најнадежните гитаристички виртуози во овој дел од Европа, охриѓанецот Дамјан Пејчиноски, кој има меѓународна кариера и звездата на фестивалот познатата поп пејачка Елена Ристевска, што ќе настапи со специјално аранжирана програма во поинаков стил од досегашниот.
„Концертот е во придружба на тамбурашкиот оркестар Ѓезме од Куманово. За таа вечер Елена подготви една сосема различна програма од онаа со која сме навикнале да ја гледаме. Поголемиот дел од вечерта ќе биде посветен на Македонските народни песни, кои Елена ги носи во своите гени, поради тоа што мајка и била пејачка на народни песни, таа во детството има почнато на сцена како член на КУД Кочо Рацин, и затоа
Концертот е во придружба на тамбурашкиот оркестар „Ѓезме“ од Куманово. За таа вечер Елена подготви една сосема различна програма од онаа со која сме навикнале да ја гледаме. Поголемиот дел од вечерта ќе биде посветен на македонските народни песни.