Достапни линкови

Награда за Женскиот младински хор во Чешка


Женскиот младински хор при МКЦ од Скопје, под диригентство на Сашо Татарчевски, го освои трофејот Бохуслав Мартину и доби диплома за најдобра изведба на обврзна композиција, на штотуку завршениот Седми меѓународен хорски фестивал во Пардубице – Република Чешка.

Уште една успешна турнеја е зад Женскиот младински хор кој делува при Младинскиот културен центар од Скопје. Девојките, раководени од диригентот Сашо Татарчевски, овојпат од Република Чешка, од Седмиот интернационален хорски фестивал, што се одржа од 30 јуни до 3 јули, се вратија со трофејот Бохуслав Мартину што подразбира дека се прогласени за најдобар хор од жирито и од претставниците на сите други хорови кои учествуваа во натпреварувачкиот дел и, згора на тоа со диплома за најдобра изведба на обврзна композиција на оваа манифестација.

Во ревијалниот дел од фестивалот, исполнувајќи композиции од Анимуча, Феста, Гуно, Ведељ, Бортњански, Мартину и од нашите Скаловски, Шуплевски и Стојков, хорот одржа уште два концерта во Пардубице и еден концерт на духовна музика во катедралата Св.Никола која се наоѓа на главниот плоштад во Прага. За значението на оваа успешната серија претставувања на Македонската хорска продуктивна и репродуктивна уметност пред меѓународната публика, Татарчевски со дополна.

Инаку, првиот концерт по летните одмори Женскиот младински хор ќе го одржи на престојната Струшка музичка есен, а неговиот диригент и професор на Музичката академија во Скопје во меѓувреме ќе го подготвува хорот при оваа наша високообразовна институција за натпревар во октомври.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG