Недоволен економски раст

Предвидувањата за позитивен економски раст, не се доволни за тоа да го почувствуваат граѓаните.
Очекувањата на бизнис секторот за позитивен економски раст се остварија. Дел од бизнисмените велат дека постојат индикатори за позитивен еконономски раст во вториот квартал годинава, во согласност со последните проценки на Народната банка. Од друга страна, за значаен раст на стопанството, кој би бил осетлив за населението, потребни се стапки на раст од над 5 отсто, посочуваат економистите, што е повеќе од
Овој раст се должи на позитивните трендови, во порастот како на личната потрошувачка на населението така и на инвестиционата потрошувачка, а секако мора да го имаме во предвид и фактот дека од почетокот на годината, па еве сега до почетокот на август, имаме перманентен раст на извозот.
предвидените 4.3 проценти.

Извршниот директор на Сојузот на стопански комори, Митко Алексов, вели дека првичните проценки на Народната банка се во рамки на предвиденото:

„Овој раст се должи на позитивните трендови, во порастот како на личната потрошувачка на населението така и на инвестиционата потрошувачка, а секако мора да го имаме во предвид и фактот дека од почетокот на годината, па еве сега до почетокот на август, имаме перманентен раст на извозот на македонската економија, посебно во одредени клучни сектори како што е металната индустрија, преработувачката индустрија, метало-преработувачката индустрија, потоа индустријата на храна, во делот на градежништвото.“

Раздвижувањето може да се препише на растот во земјите кои се најголеми бизнис партнери на Македонија, меѓу кои се Германија и Австрија, вели Алексов:


„Исто така мора да ги имаме во предвид и земјите од регионот каде што исто така има раздвижувања, а тие претставуваат некаде околу 36% од нашиот извоз.“

Во третиот квартал може да се очекува позитивен раст, посебно од туризмот, смета извршниот директорот на Сојузот на стопански комори.

Сепак, за економски промени од кој би имало забележителни придобивки за населението, потребен е повисок и постојан раст, изјави професорот
Да се обидиме да го достигнеме степенот на развојот на развиениот дел од Европа ние мораме да се развиваме двојно повисоки стапки, со 6 со 10%
Христо Карталов.

„Односно да се обидиме да го достигнеме степенот на развојот на развиениот дел од Европа ние мораме да се развиваме двојно повисоки стапки, со 6 со 10%, како што на пример тоа го прават брзорастечките економии како што е Бразил, Индија, Кина.“

Инаку, Народната банка предвидува дека инфлацијата годинава ќе биде максимум 4,5 проценти.