Можен ли е ребаланс на буџетот во септември поради намалените буџетски приливи?
Дали во септември не очекува нов ребаланс на народната каса? Од владата пред еден месец одговорија на ова прашање: тврдеа дека нема ни потреба нити пак има технички можности за преправање на приходно-расходната страна од Буџетот. Од тогаш од надлежните молк, а медиумите шпекулираат дека ребалансот е неизбежен поради намалените буџетски приливи во месец јуни. Од опозицијата, пак, забележуваат дека најчеста причина за ребалансите е неуспехот на власта да планира како да прибере доволно пари. Потпретседателот на СДСМ, Зоран Јовановски
објаснува:
„Причините за несовпаѓањето на почетните предвидувања од почетокот на годината со она што се случува во буџетот најчесто се две. Едната причина е што планирањето на приходите не било најдобро направено и затоа може да има повеќе причини, или пак во текот на годината се случуваат крајно непредвидливи настани кои што не можеле да се предвидат на почетокот на годината меѓутоа тоа не е нешто што често може да служи како оправдување за потребата од ребаланс.“
Најчесто се кратат давачките за капитални инвестиции што се чувствува во бизнис секторот, смета Јовановски.
„Праксата тоа го покажа до сега, дека се крати онаму каде што е најбезболно за владата. Најчесто се кратат капиталните инвестиции. Тоа се разбира не е добро за бизнисот во Македонија бидејќи тоа значи кратење на инвестициите за инфраструктура, патишта, железница, енергетски објекти итн.“
Ребалансот е неопходен, но не треба да се кратат капиталните инвестиции, вели Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори:
„Значи треба да се крати на расходната страна на другите ставки, бидејќи со намалување на капиталните инвестиции приватниот сектор, бизнисот ќе биде прилично погоден.“
Чекреџи дополнително забележува на високо даночно оптоварување на
бизнис секторот во Македонија, што според него претставува пречка за стопанскиот раст во земјава:
„Оптоварувањето даночно на бизнисот е доста големо во Македонија и тоа е една од главните причини што неможеме да оствариме поголеми стапки на развој.“
Инаку, според податоците кои се пласираат во медиумите се гледа дека во јуни државата собрала помалку пари, но и помалку трошела, за разлика од мај во предизборието. Во мај, вкупните буџетски расходи изнесувале 226 милиони евра, а во јуни 192 милиони евра, што е за приближно 34 милиони евра помалку.
Едната причина е што планирањето на приходите не било најдобро направено и затоа може да има повеќе причини, или пак во текот на годината се случуваат крајно непредвидливи настани кои што не можеле да се предвидат на почетокот на годината.
објаснува:
„Причините за несовпаѓањето на почетните предвидувања од почетокот на годината со она што се случува во буџетот најчесто се две. Едната причина е што планирањето на приходите не било најдобро направено и затоа може да има повеќе причини, или пак во текот на годината се случуваат крајно непредвидливи настани кои што не можеле да се предвидат на почетокот на годината меѓутоа тоа не е нешто што често може да служи како оправдување за потребата од ребаланс.“
Најчесто се кратат давачките за капитални инвестиции што се чувствува во бизнис секторот, смета Јовановски.
„Праксата тоа го покажа до сега, дека се крати онаму каде што е најбезболно за владата. Најчесто се кратат капиталните инвестиции. Тоа се разбира не е добро за бизнисот во Македонија бидејќи тоа значи кратење на инвестициите за инфраструктура, патишта, железница, енергетски објекти итн.“
Ребалансот е неопходен, но не треба да се кратат капиталните инвестиции, вели Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори:
„Значи треба да се крати на расходната страна на другите ставки, бидејќи со намалување на капиталните инвестиции приватниот сектор, бизнисот ќе биде прилично погоден.“
Чекреџи дополнително забележува на високо даночно оптоварување на
Праксата тоа го покажа до сега, дека се крати онаму каде што е најбезболно за владата. Најчесто се кратат капиталните инвестиции. Тоа се разбира не е добро за бизнисот во Македонија.