Во денешниот преглед на печатот - малку за економијата, запоставена секогаш поради политиката, која доминираше со нашите животи наназад пет-шест месеци. Иако и во економијата има и тоа колку политика.
Пренесувајќи ги податоците што ги објави Заводот за статистика за изминатото тромесечје за пораст на БДП за 5,1 отсто, Утрински пишува дека „Скопје 2014 и светските берзи ни донесоа висок раст на БДП“, поточно, градежништвото, металната индустрија и рударството. Истовремено, Утрински ги пренесува сугестиите на економски експерти дека за да може Македонија да има стабилен раст на долг рок, мора да се зголемат инвестициите и да се дисперзира извозната структура.
Нова Македонија излегува со заклучок дека предизборните плаќања го напумпале БДП-то и дека неговиот пораст не е реален туку е само постефект од зголемената наплата реализирана во предизборието.
Време забележува дека и со предвидениот пораст од 3,5 отсто стопанството нема да заживее, зашто, „Економијата божем расте, а невработеноста е бетонирана“.
Во друго издание, Време наведува дека економските стручњаци очекуваат итен ребаланс на буџетот, затоа што државната каса е попразна за 60 милиони евра, како што објави Министерството за економија.
Судската и одлуката на УЈП за блокирање на сметките на медиумите на Рамковски, Време ги објавува под наслов: „Власта го зададе конечниот удар врз медиумите од Перо Наков“.
Дневник оди со прашалник во насловот: „Згаснуваат медиумите на Перо Наков?“, додека Вечер насловува: „Пари или стечај“.
И перипетиите околу Утрински и отпуштањето на десетмина негови вработени, еднодневниот штрајк на новинарите, освен на неговата главна уредничка Соња Крамарска и реакциите на Здружението на новинарите и продолжувањето на неговото излегување со намален број страници предизвикаа бранување во новинарската фела, значи во сите медиум, особено оние со опозициски предзнак, а јавноста се плаши дека во Македонија настапува медиумски мрак, затоа што, всушност, овие медиуми, заедно со А1ТВ се најкритички настроени кон власта.
Во врска со протестите на поголем број граѓани, главно студенти и ученици по повод обидите за забошотување на убиството на Мартин Нешковски од страна на полицијата и судските органи, Време, како и другите медиуми, објавија дека првата полицајка Јанкулоска прифатила да се сретне со нив, а Вечер во негов стил прави инсинуации дека организаторите на протестите се логистички поддржани од надвор, а од внатре од „тупаницата“ што е симбол на партиското знаме на СДСМ.
На трето место ја ставаме темата околу пазарењата на старо-новите партнери за старо-новата влада, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ: Нова Македонија пренесува од партијата на Груевски дека програмата за работа на владата уште се усогласува, додека го цитира генералниот секретар на ДУИ, Адеми дека платформата била готова и дека за договореното ќе има пишани гаранции од двајцата лидери. Време коментира дека „Ахмети се пазареше, а Груевски профитираше“.