Достапни линкови

Недоволен раст за подобрување


Предвидениот економски раст од два до три отсто не е доволен за заживување на економијата и намалување на невработеноста.

Предвидениот економски раст од два до три проценти не е доволен за намалување на невработеноста и раздвижување на стопанството, се согласуваат економистите кои ги консултиравме. Според нив, за подобрување на животниот стандард, потребно е поголем и континуиран раст на економијата. Професор Марија Зарезанкова Потевска
Два до три отсто е раст кој што би овозможил раст на постоечката состојба, односно одржување на постоечкиот раст, но не заживување поголемо на економијата. Значи за заживување на економијата, за намалување на невработеноста потребен е раст од 6-7% најмалку и тоа да биде повеќе години
по ред.

објаснува:

„Два до три отсто е раст кој што би овозможил раст на постоечката состојба, односно одржување на постоечкиот раст, но не заживување поголемо на економијата. Значи за заживување на економијата, за намалување на невработеноста потребен е раст од 6-7% најмалку и тоа да биде повеќе години по ред.“

Според Потевска, позитивниот аспект на работите е што не се оди кон полошо.

„Но, сепак добро е што не се влошува состојбата со оглед на состојбите во стопанството во целиот свет и на општата поставеност на сили, економски и политички и мислам дека во овој момент е и добро да се задржи таков раст.“

Професор Никола Поповски, кој е и поранешен министер за финансии, со слично мислење:

Потребни се и поголеми, но и континуирани стапки на раст за заживување на економијата, велат експертите

„И тоа не само што ни требаат стапки коишто се 4-5% поголеми, туку ни требаат во подолг временски период, единствениот период во Македонија кога имаме поголеми стапки, континуирани од овој карактер се од 2003 до 2008 година, тоа е значи три години од претходната влада и двете години од сегашната влада. Дури и тие тогашни резултати не дадоа очекувани резултати за раздвижување на економијата на повисоко ниво, а уште помалку за намалување на невработеноста.“

Потребни се промени во економската политика, вели Поповски.
И тоа не само што ни требаат стапки коишто се 4-5% поголеми, туку ни требаат во подолг временски
период.

„Веројатно и во фискалната и во монетарната и во политиката на доходите, во надворешната трговија, во преструктуирањето итн, сите сегменти во економијата да се зафатат за да даде резултат со повисоки и одржливи стапки на раст.“

Единствена поволна најава од властите за економската ситуација е намалувањето на инфлацијата, која гувернерот на Народната банка Димитар Богов ја дава на веќе неколку наврати.

„Очекуваме стабилизацијата на цените да продолжи и во наредните месеци, а кон крајот на годината и годишната стапка на инфлација да започне да се намалува.“

Инаку, според проценките на статистичката агенција „Еуростат“, македонскиот Бруто домашен производ, кој често се користи за дефинирање на животниот стандард, е само 35 проценти од просечниот во Европската унија.
XS
SM
MD
LG