Нов кодош

Архивска фотографија: Од Комисијата за лустрација велат дека се проверуваат сите, но експертите сметаат дека се изоставени актуелните функционери.

Поранешен декан на високообразовна институција со псевдоним „Драматург“ бил соработник на тајните служби, обелодени Комисијата за лустрација.
Комисијата за лустрација го обелодени и четвртиот кодош - Поранешен декан на високобразовна институција со псведоним „Драматург“ бил долгогодишен соработник на тајните служби. Откако е донесен законот, предмет на лустација беа или поранешни функционери или функционери во заминување. Прв на тапет се најде поранешниот судија и претседател на Врховниот суд, Трендафил Ивановски, па следеше Слободан
Па и тие се проверуваат, ние работиме паралелно и едно и друго, како ќе се утврди елемент го проверуваме.

Угриновски, кој е член на Советот на Град Скопје, а третиот за кого беа пронајдени докази е пензиониран судија во Врховниот суд, чие име не беше објавено. Од Комисијата за лустрација велат дека се проверуваат сите за кои постои сомнеж дека биле кодоши, но експертите сметаат дека се изоставени актуелните функционери. Претседателот на комисијата Томе Аџиев вели дека и сегашните функционери се подложени на процесот на лустрација.

Досега не е откриен ниту еден кодош меѓу актуелните функционери?

„Па и тие се проверуваат, ние работиме паралелно и едно и друго, како ќе се утврди елемент го проверуваме.“

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу вели дека досега немало случај актуелен функционер да биде откриен дека соработувал со тајните служби, бидејќи во Македонија не постои искрена желба и подготвеност да се реши тоа прашање, кое е предмет на дневно политички пазарења. Начинот на кој функционира комисијата и случаите кои се појавија во јавноста го покренуваат сомнежот дека има пристисоци врз комисијата од страна на власта, вели тој.

„Затоа што е невозможно една држава која излегла од еден тоталитарен систем кој траел со децении да нема кодоши, или кодошите да се луѓе кои прават најмалку штета на политичката сцена во тој момент. За жал
Затоа што е невозможно една држава која излегла од еден тоталитарен систем кој траел со децении да нема кодоши, или кодошите да се луѓе кои прават најмалку штета на политичката сцена во тој момент.

мислам дека политичките партии се повеќе подготвени вербално да се занимаваат со тоа прашање отколку да решат тие случаи.“

Аџиев негира дека имало било какви пристисоци врз Комисијата. Во наредниот период тие ќе проверуваат тројца академици за кои има индиции дека биле кодоши. Според Аџиев, врз нивната работа не влијае и улогата која ја имаат сегашните функционери во општеството.

„Нема тука одредено кој ќе биде. Кој ќе го фати параграфот, тој ќе дојде на дневен ред.“

Лустрираниот има рок од пет дена да се произнесе за тврдењата нa Комисијата.