Управата за безбедност и контраразузнавање не доставила годишен извештај до собраниската Комисија за надзор на работата на Управата.
Управата за безбедност и контраразузнавање не доставила годишен извештај до собраниската комисија за надзор на работата на управата. Опозицијата соопшти дека бараат за 15 дена Управата да достави до комисијата извештај за минатата година и отсега па натаму да доставува дополнителни квартални извештаи за работата.
Првата седницата на Комисијата за контрола на работата на службите не почна славно. Не отсуствуваа партиските докажувања и политички лекции за однесување.
Уште на самиот почеток ВМРО ДПМНЕ и СДСМ почнаа со препукувањата околу Деловникот по кој треба да работат по што следуваа и обвинувања за опструкции на седницата.
„Се лажете и тоа гадно се лажете дека оваа Комисија нема да ја заврши работата како што треба да ја заврши. Не Сашо Мијалков да ви дава наредби да ја опструирате Комисијата, не Груевски, не незнам кој, јавно ве уверувам дека доследно ќе ја завршиме работата.“
рече Емилијан Станковиќ член на комисијата од СДСМ во своето обраќање кон Влатко Ѓорчев од ВМРО ДПМНЕ кој во негов стил одговори.
„Значи во делот на претходната дискусија јас би кажал неколку работи, ако не е важен Деловникот зошто СДСМ изминативе пет години секоја втора седница, секоја втора лидерска средба, секој втор месец целата македонска јавност ја оптеретуваше со Деловникот на Собранието на РМ.“
Професор Стефан Буџаковски вели дека Управата за безбедност и контразузнавање е должна да достави извештај до собраниската комисија за нејзината работа, но од друга страна проблемот е во тоа што членовите на Комисијата не се доволно стручни за да можат да направат ефикасна цивилна контрола.
„Не се стручни, влегува во една служба која мал дел од граѓаните ја
познаваат. За да извршите правилна контрола треба да ја знаете за да можете да утврдите некоја состојба. Имено и сега да одат да извршат контрола, ништо нема да дознаат.“
Претседателот на Комисијата од опозициската СДСМ Горан Минчев вели дека претходната комисија не го разгледала ниту претходниот извештај што го доставила Агенцијата за разузнавање. Претседател на претходната комисија беше пратеник од албанската опозиција Бесим Догани.
Професор Буџаковски смета дека во Комисијата треба да има стручни лица од оваа област за да може да се видат вистински резултати од контролата на работата на службите за разузнавање.
„Најголем проблем е тоа што не ги разбираат надлежностите, не ги разбираат средствата и методите, ниту разбираат како функционира. За да се направи било каква седница или да се разгледа извештајот, треба да ја разбираш и најверојатно пратениците ја одбегнувале оваа тема бидејќи би навлегле во област која не ја познаваат доволно, ниту имаат сознанија, ниту можност да дојдат до податоци како таа функционира.“
Од друга страна пак кога инстутуциите не си ги исполнуваат своите обврски и не го информираат Собранието за својата работа, парламентарците можат да побараат само политичка одговорност од функционерите.
Се лажете и тоа гадно се лажете дека оваа Комисија нема да ја заврши работата како што треба да ја заврши. Не Сашо Мијалков да ви дава наредби да ја опструирате Комисијата, не Груевски, не незнам кој, јавно ве уверувам дека доследно ќе ја завршиме работата
Првата седницата на Комисијата за контрола на работата на службите не почна славно. Не отсуствуваа партиските докажувања и политички лекции за однесување.
Уште на самиот почеток ВМРО ДПМНЕ и СДСМ почнаа со препукувањата околу Деловникот по кој треба да работат по што следуваа и обвинувања за опструкции на седницата.
„Се лажете и тоа гадно се лажете дека оваа Комисија нема да ја заврши работата како што треба да ја заврши. Не Сашо Мијалков да ви дава наредби да ја опструирате Комисијата, не Груевски, не незнам кој, јавно ве уверувам дека доследно ќе ја завршиме работата.“
рече Емилијан Станковиќ член на комисијата од СДСМ во своето обраќање кон Влатко Ѓорчев од ВМРО ДПМНЕ кој во негов стил одговори.
„Значи во делот на претходната дискусија јас би кажал неколку работи, ако не е важен Деловникот зошто СДСМ изминативе пет години секоја втора седница, секоја втора лидерска средба, секој втор месец целата македонска јавност ја оптеретуваше со Деловникот на Собранието на РМ.“
Професор Стефан Буџаковски вели дека Управата за безбедност и контразузнавање е должна да достави извештај до собраниската комисија за нејзината работа, но од друга страна проблемот е во тоа што членовите на Комисијата не се доволно стручни за да можат да направат ефикасна цивилна контрола.
„Не се стручни, влегува во една служба која мал дел од граѓаните ја
Најголем проблем е тоа што не ги разбираат надлежностите, не ги разбираат средствата и методите, ниту разбираат како функционира. За да се направи било каква седница или да се разгледа извештајот, треба да ја разбираш и најверојатно пратениците ја одбегнувале оваа тема бидејќи би навлегле во област која не ја познаваат доволно,