Нов амбасадор, исти позиции

Пол Волерс, кандидат за амбасадор на САД во Македонија.

Доаѓањето на новиот амбасадор на САД во Македонија, Пол Волерс, нема да донесе промена во американската политика за прашањето за името.
Домашните експерти не очекуваат промена во американската политика во однос на прашањето за името, иако како што посочуваат во последните две години владее партија која не ни е толку наклонета како администрацијата за Џорџ Буш. За професор Стево Пендаровски, обраќањето на кандидатот за амбасадор на Соединетите Држави во Македонија, Пол Волерс, пред комисијата за надворешна политика во Сенатот, само ја потврдува тезата дека американската администрација останува на своите добро познати позиции во однос на регионот и
Не видов ниту еден нов елемент кој што тој го внесе во својот говор, остана во рамките на зацртаната американска политика во однос на спорот за името која кажува дека тие го подржуваат процесот во рамките на ОН и при тоа не фаворизираат ниту една преговарачка
страна.

земјава.

„Не видов ниту еден нов елемент кој што тој го внесе во својот говор, остана во рамките на зацртаната американска политика во однос на спорот за името која кажува дека тие го подржуваат процесот во рамките на ОН и при тоа не фаворизираат ниту една преговарачка страна. Тој децидно рече дека она што ќе го договорат двете страни Америка ќе го почитува.“

На низата провокации од сенаторот Роберт Менендез, пред се околу поставувањето на споменикот на Александар Македонски, прашањето за името и идентитетот, Волерс одговори:

„Да господине, вие сте во право, целосно сте во право кога велите дека ова е нешто повеќе од име, дека ова е прашање на идентитет. Ние работевме во минатото и ќе продолжиме да го правиме тоа со македонските власти, како и со другата страна преку амбасадата во Атина. Ја посочуваме на двете страни потребата од придвижување напред по однос на ова прашање со големо чувство на компромис, со меѓусебна почит за историјата и традицијата, со чуство за волја да се направи болниот компромис, кој е неопходен за да се надмине ова деликатно прашање, прашање што е многу емотивно за двете страни“, рече Волерс.

Нема промена во веќе утврдените американски позици за земјата и регионот, велат домашните експерти

Според професорот Алајдин Демири надворешната политика на официјален Вашингтон во однос на Македонија не е променета, но тој додава дека во последно време не е толку интензивна поради некооперативноста на домашните власти.

„Се сеќавате дека се создаде ’анти Рикер‘ позиција, ’анти-американска‘ позиција во редовите во Македонија од одредни министри, дури и од премиерот, меѓутоа ниту тоа не помагаше.“
Се сеќавате дека се создаде ’анти Рикер‘ позиција, ’анти-американска‘ позиција во редовите во Македонија од одредни министри, дури и од премиерот, меѓутоа ниту тоа не помагаше.

Во своето обраќање, Волерс, меѓу другото, потсети дека приоритети за Македонија треба да бидат независното судство, слободните медиуми и силното граѓанско општество. Според експертите, пораките се сосема очекувани.

„Неговите, оние главни точки од излагањето се идентични со точките од соопштението кои што ги имаше нашиот премиер пред неколку месеци кога беше во посета на САД и кога се сретна со Бајден и со Хилари Клинтон“, изјави Пендаровски.

„Сметам дека тие работи со одредено позитивно гледање може да добијат позитивни оценки“, вели Демири.