Регионални договори за екстрадиција

Повеќе нема одбегнување на правдата злоупотребувајќи го двојното државјанство. Потпишани договори за екстрадиција со Хрватска и Црна Гора, а наскоро и со Србија.
Лицата кои сториле кривични села, а ја одбегнуваат правдата со двојното државјанство, повеќе не ќе можат да се кријат. Билатералните договори за екстрадиција кои земјава ги потпиша со Хрватска и Црна Гора се еден од најдобрите механизми во борбата против организираниот криминал, а истите треба да оневозможат злоупотреба на двојното државјанство за одбегнување казнено гонење и извршување казна, вели министерот за
Се оневозможуваат сите форми на сторители на кривични дела користејќи или злоупотребувајќи поточно двојно државјанство, на тој начин што сега тоа двојно државјанство никого не може да заштити заради тоа што договорите предвидуваат предавање на сопствени државјани на друга држава.

правда во заминување, Михајло Маневски.

„Се оневозможуваат сите форми на сторители на кривични дела користејќи или злоупотребувајќи поточно двојно државјанство, на тој начин што сега тоа двојно државјанство никого не може да заштити заради тоа што договорите предвидуваат предавање на сопствени државјани на друга држава заради гонење на делата на организираниот криминал.“

Во меѓувреме, од Македонија и Србија работат на усогласување на деталите за потпишување на билатерален договор за екстрадиција на сопствените државјани. Покрај овој договор, Македонија и Србија подготвуваат и договор за меѓусебно извршување судски одлуки, кој треба да овозможи македонски државјани осудени во Србија да можат да ја издржуваат казната во Македонија и обратно, како и договор за правна помош во граѓанските и кривичните предмети.

Двојното државјанство нема да биде спас за криминалците.

„Кога ќе се потпишат одат на ратификација во Парламентите, а после тоа почнуваат да се применуваат“, изјави Маневски.

Што повеќе договори, толку помал простор за криење на извршителите на кривични дела, вели професорот Владимир Пивоваров. Лицата кои сториле тешки кривични дела, мораат да бидат казнети, а договорите за екстрадиција се сигурен услов дека правдата ќе биде задоволена, посочува Пивоваров.

„Сите меѓународни договори веднаш се инкорпорираат по автоматизам во домашното законодавство и со тоа веќе се отстрануваат сите пречки за да може тие лица да бидат вратени.“
Сите меѓународни договори веднаш се инкорпорираат по автоматизам во домашното законодавство и со тоа веќе се отстрануваат сите пречки за да може тие лица да бидат вратени.

Сепак, Пивоваров предупредува дека е потребна политичка волја за извршување на екстрадицијата. Процесот на испорачување не е едноставен, истиот бара посебни подготовки, вели тој.

„Не е еден прост процес. Значи вие треба да го лоцирате, да го пронајдете лицето, потребно е да доставите целокупна документација, па домашните власти да ја проучат таа документација. Ние кај нас да речеме во моментов немаме специјални тимови за таква намена.“

Поради српското државјанство, поранешниот прв цариник Драган Даравелски е недостапен за органите на правдата. Освен него, со двојното државјанство правдата ја одбегнуваат и стечајниот управник Владимир Тамбурковски, како и поранешниот министер за здравство Владо Димов, кој покрај македонското има и бугарско државјанство.