Достапни линкови

Трговија со луѓе


Лошите социјално економски услови, една од главните причини за постоењето на трговија со луѓе во Македонија. Жртвите главно се малолетни лица.

Невести по нарачка, ова е најновиот облик на трговија со луѓе кој во последно време е присутен во земјава, велат од секторот за организиран криминал при Министерството за внатрешни работи. Според нивните податоци, оваа година имало пет случаи на трговија со луѓе и сите биле малолетни лица. Стојне Атанасовска Димишковска од невладината организација „Отворена порта“ вели дека причината за појавата на трговија со луѓе во Македонија е пред се поради лошите социјално-економски услови во земјата. Во потрагата за подобар живот, девојките дознаваат дека се жртви во мигот на експлоатација, вели таа.
Неможноста родителите да им излезат во пресрет и состојбата во одредени семејства, нарушени семејни односи итн, одредени млади бараат излез од таа безизлезна состојба, токму тука се појавуваат регрутерите на жртвите на трговија со
луѓе.


„Неможноста родителите да им излезат во пресрет и состојбата во одредени семејства, нарушени семејни односи итн., одредени млади бараат излез од таа безизлезна состојба, токму тука се појавуваат регрутерите на жртвите на трговија со луѓе.“

Светлана Цветковска од Националниот механизам за упатување при Министерството за труд и социјална политика вели дека има повеќе случаи на малолетни лица, бидејќи за нив има посебен дел во кривичниот законик.

„За малолетните лица, доброволноста е ирелевантна, нив ја даваат старателите, значи претставниците на Центрите за социјална работа така што можам да кажам дека нивниот број е многу повеќе вклучен во самата заштита. Полнолетните лица пак, сами си одлучуваат дали ќе прифатат заштита или не.“

Инспекторот Славко Врангаловски вели дека е тешко да се обезбедат докази за полнолетните лица кои биле жртви на трговија со луѓе.

„За да ги потврдиш елементите на трговија мора да имаш експлоатација, на овој начин некаде жртвите се соочуваат со овој вид на експлоатација меѓутоа тука неможејќи да го докажеме делото трговија со луѓе, тогаш го докажуваме делото криумчарење на мигранти.“

Невладината ХЕРА изработи анимиран филм во кој се пренесува приказната на две девојки. Целта на проектот е преку забавна едукација на младите да се подигне свеста за оваа негативна појава во општеството.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG